Бруталистички дизајн на ентериер и како да го вклучите во вашиот дом
Што е бруталистички внатрешен дизајн?
Бруталистичкиот дизајн се појавува во 30-тите на ХХ век и повторно заживува во доцните 80-ти години. Сурови материјали и силните геометриски форми се повеќе се присутни и се користат при дизајнот на ентериери. Брутализмот, тој понекогаш омаловажуван архитектонски стил за првпат се користи при изградбата на станбениот комплекс Cité Radieuse на Ле Корбизје во Марсеј, Франција, дизајниран во доцните 1940-ти. Масовно почнува да се користи „béton brut“, што во превод значи „суров бетон“. Денес, погрубите текстури на стилот, сурови материјали и неутралните тонови може да бидат смирувачка реакција на гласното максималистичко мешање на шаблони и бои што е присутно во последно време.
Суровите материјали, површини со текстура, едноставните силуети и геометриските форми се белегот на бруталистичкото внатрешно уредување. Трендот доаѓа од средината на ХХ век, кој ја прославуваше грандиозноста, гламот, геометриските форми и повторувачките дезени.
Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или бруталистички стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.
Иако многу бруталистички теми се заеднички со Арт Деко и дизајнот од средината на ХХ век, карактеристично за брутализмот е употреба на груби површински материјали како бетон, челик и разни мат метали кои имаат застарен (vintage) или „патина“ изглед.
Овој стил го достигна својот врв во 1960-тите по Втората светска војна, кога евтините нерафинирани материјали беа користени во архитектурата и дизајнот на станови. Беше усвоен тип на естетика „тврдина“ за која се сметаше дека пренесува сила. Декорот внатре беше „машки“ во неговиот пристап – минималистичките линии и смелата употреба на метал одиграа клучна улога.
Покрај грубите органските површини со текстура, брутализмот става акцент и на структурната просторна длабочина создадена во мебелот, ѕидните облоги, украсните предмети и архитектонскиот дизајн како целина. Употребата на негативен простор и асиметрични силуети го прави уникатен. Моделите може да бидат подеднакво повторувачки или спорадични.
Брутализмот не е збор што предизвикува чувства на топлина и пријатност и, на некој начин, тое не е ни идејата ни намената. Роден од по Втората светска војна како архитектонско движење кое даваше приоритет на сурови, недовршени материјали за да создаде импозантни структури слични на тврдина, оваа естетика промовираше евтини и издржливи материјали.
Покрај зголемената популарност на минимализмот, употреба на метали, груби и сурови текстури, брутализмот предизвикува пост-апокалиптична атмосфера што привлекува внимание и е комплементарна на модерните простори. Подолу се главните карактеристики на овој смел тренд.
Карактеристики на брутализмот
Многу е интересно да се знае дека еклектичниот стил на внатрешен дизајн не следи никакви правила. Иако еклектичнот внатрешно уредување не ги следи редовните правила и принципи на внатрешен дизајн, сепак се фокусира на создавање убав простор. Еклектичен внатрешен дизајн ги следи заедничките карактеристики.
Суров бетон
Бидејќи бруталистичкото движење е родено во повоена ера, архитектите и дизајнерите беа посебно заинтересирани за материјали кои беа евтини, нерафинирани и отпорни. Бетонот беше материјал на избор во бруталистичката архитектура, но тој сè уште е еден од преферираните материјали на бруталистичките ентериери.
Остри рабови
Бруталистичките акценти се карактеризираат со назабени рабови кои имитираат механички пост-апокалиптични облици и форми.
Органски форми
Во мебелот и декорацијата, бруталистичкото движење беше мрачно и речиси постапокалиптично – давајќи им шанса на морничавите органски и груби форми во темни, земјени тонови кои одлично го отелотворуваат овој тренд.
Метали со патина
Примарните материјали на бруталистичкото движење беа првенствено бетон и метал(и). Дизајнерите и архитектите претпочитаа необработен изглед на недовршени метали како железо, бронза и челик во комбинација со патина.
0 comments