06
Мај

Бруталистички ентериер на стан во Белград

Станот 47/1 се наоѓа на приземје во новоизградена станбена зграда на белградски Врачар.

„Со проектот, во рамки на тензичната урбана структура на предметната локација, се трага по нетипична станбена микроатмосфера, користејќи го немерливиот потенцијал на дворот“, вели архитектот Милош Миливојевиќ, автор на проектот на ентериерот.

Осветлувањето во речиси сите делови на станот е решено со користење на индиректни извори на светлина, со цел да се избегнат остри сенки, „да се исполни просторот со чувство на мекост и да се постигне илузија на просторност на местата каде што тоа беше неопходно“.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или     модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Внимателниот избор на материјали и мебел, како и нивното вклопување, му даваат на овој стан со површина од 83 квадратни метри силна автентичност.

Ентериерот на станот е решен со јасни и целосно чисти архитектонски потези. Бетонот како основен конструктивен материјал на објектот е во својата изворна форма, со сите неправилности и градежни ознаки зачувани во станот. Бетонскиот плафон се простира континуирано, додека поедини бетонски елементи се задржани како силни маркери во просторот. Големите бели ѕидни површини се во контраст со грубата текстура на плафонот.



Од друга страна, подот и парчињата мебел од даб, со својата топлина и фина завршна обработка се спротивставуваат на бетонот, создавајќи чувство на удобност и рамнотежа.

Кујната, како доминантно парче мебел, лишена е од сите непотребни детали, нагласена е со маркантна црна боја. Наспроти кујнскиот блок, во најосветлениот дел од станот кон дворот со површина од 100 квадратни метри, поставена е трпезариска маса, по желба на клиентот централно место за собирање. „Трпезариската маса со својата неочекувано конзолно поставување создава просторна напнатост и заедно со кујнскиот блок го претставува најизразениот дел од станот“, истакнува архитектот.


Деталите во целиот стан се целосно минимализирани, главно црни, а нивната оскудност во квантитетот ја нагласува нивната обликовност и присуство во ентериерот. Неколку парчиња брендиран мебел му даваат на ентериерот остра линија на софистицираност.

Дневната зона, доминантниот простор на станот, со стаклен лизгачки ѕид е целосно поврзан со отворениот простор, големиот двор, ориентиран кон внатрешноста на блокот. Во дворот е формиран комфорен простор за седење на отворено, покриен со биоклиматска пергола и завиен во зеленило. Иако положбата на станот во зградата на почетокот била неповолна, архитектот со вешти просторни маневри успеал да го претвори во удобно место за живеење.

Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.