16
Ное

Мал стан со јасно дефинирани зони во внатрешноста

Дизајнирањето на ентериерите на малите станови секогаш ја исцрпува најолемата креативност од архитектите, па така, за да се добие еден успешен проект за мал стан потребно е големо креативно залагање на архитектот. Овој мал стан е дело на дизајнерскиот тим од руското студио Solo Design, а се наоѓа во Волгоград, Русија. Наменет за млад брачен пар, овој стан побарува од архитектите јасна дефиниција на внатрешните зони.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или        модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Секој различен простор се одликува со различна естетика, форма, функција и боја од другиот, наместа со паметна комбинација и координација на карактеристиките обединети во еден заеднички простор.

Користејќи прекрасни материјали, бои и текстури, овој стан единствениот простор лесно го трансформира во поделен простор од кој се издвојува (по потреба) делот во кој е сместена спалната соба.

Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.