27
Јан

Стан во Задар – чувство на пространост и покрај малата квадратура

Идејата водилка зад проектирањето на овој ентериер на стан од 25 квадратни метри во Задар била да се добие wow ефект што ќе го стави високо на листата на станови за изнајмување на туристи. Она што му недостасува на станот во површината на основата, надоместено е со дизајнирање на мултифункционален мебел. Станува збор за гарсоњера, една главна просторија од 18 квадратни метри, по потреба е кујна, трпезарија, дневна или спална соба.

Проектантаката од бирото Laboratorij design за својот ентериер вели: „Поделбата на престојот во станот на дневен и ноќен дел, односно активен престој во станот во однос на спиењето, ја даде идејата за основниот мултифункционален елемент, а тоа е подест на кој е поставена кујната, под кој е сместен кревет на извлекување. Кујнскиот подест е подигната 45 сантиметри од подот за да можете да се седне на рабниот дел, а кога масата и столовите ќе се спуштат на нивото на подот, станот може да угости повеќе луѓе. Важно беше секој елемент внатре во станот да биде мултифункционален, па и самиот стан доби разиграност“.

Она што му недостасува на станот во површината на основата, надоместено е со дизајнирање на мултифункционален мебел.


Кога креветот е вовлечен, станот е во активна употреба и има доволно простор за јадење, дружење, гледање телевизија и слично. Кога ќе се извлече креветот, дневната соба станува спална соба.

Плакарите се поставени долж целиот ѕид паралелно со фасадата, така што дел се со полна висина како гардеробер, а дел се мост под кој се сместени кауч и кактус.


За ефектот wow придонесува и светлечки ѕид направен од алуминиумски панели со одбран принт, во кој е вграден телевизорот.

Единствено постојано во станот се ходникот и бањата.

„Целта беше да се добие чувство на пространост и покрај малата квадратура и мислам дека успешно ја постигнавме“, вели проктантката.

Благодарност до Порта3 за текстот и фотографиите.