17
Ное

Кревети на спрат – детско катче со многу фантазија

Во детските соби, особено оние помалите, кревети на спрат се вечно ентериерно решение и секогаш можат да се видат интересни модели.

Покрај тоа што се добро решение за да се добие повеќе простор во собата, тие се и несицрпен извор на инспирација. А што е најважно на децата секогаш им се интересни, едноставно ги обожуваат и тие се нивно царство. Дизајнот на овие кревети може да биде тематски одреден или акцентот да се стави на што подобро вклопување во просторот.


Доколку Ви треба помош при уредување на детска соба (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел (кревет, шкаф, работна маса и сл.), побарајте нè.


За многу семејства, просторот во домот е на прво место. Креветите на спрат не само што се безбедно место за спиење и релаксација на децата, туку имаат и друга намена или намени, како складиште за нивните книги, играчки и сл. Како родители, се согласуваме дека сакаме креветите да бидат пред сè цврсти. Исто така, сакаме креветите на спрат да изгледаат добро – изгледот не треба да се занемари. Не заборавајте и на цената, ако е поскап, треба да вреди за парите (материјал, квалитетна изработка, монтажа и сл.).



Кревет од цврсто дрво со лизгалка (десно горе) кој ќе внесе забавата во собата е одличен за помали деца (доколку просторот го дозволува тоа). Скалите се цврсти и полесни за качување од обичните скали (пошироко газење), а во долниот дел има корисен сет на фиоки за вашите деца да ги чуваат своите книги или облеката.



Кога просторот е тесен, решение може да биде кревет на спрат во комбинација со работен дел (маса). Скалата е поставена малку под агол во подножјето на креветот под неа, што го олеснува искачувањето и дозволува пристап до масата. Поставеноста на долниот кревет, исто така, го спречува креветот да одземе многу од собата, така што лесно може да се постави во вдлабнатини или до ѕид.

Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.