Бидермаер стил и неговите почетоци
Можеби прв пат слушате за Бидермаер стилот и се прашувате како може да го препознаете во еден ентериер. Периодот на Бидермаер е одличен прв чекор доколку ве привлекува антикварен “vintage” мебел поради чистите линии и неформалниот стил. Некои критичари сугерираат дека овој стил бил претходник на естетиката на Баухаус. Сите карактеристики на овој стил добро се вклопуваат во модерниот стил на внатрешно уредување, затоа Бидермаер се смета за најразновидниот и најшироко прифатениот стил во XIX век. Едноставно, има нешто исклучително современо во мебелот на овој стил, и покрај фактот што е стар речиси 200 години!
Во принцип, стилот на бидермаер нуди визуелен доказ за конфликтот на идеи помеѓу класицизмот и романтизмот кој продолжил во текот на првата половина на XIX век. Со текот на времето, овој стил се издигнал: правите линии станале заоблени; едноставните површини станале се повеќе и повеќе украсени со разновидни материјали; хуманистичката форма станала пофантастична; а текстурите станале поекспериментални. Германците и Австријците во тоа време го користеле стилот во своите домови за да создадат чувство на богатство и стабилност.
Што значи името Бидермаер и од каде доаѓа?
Терминот Бидермаер потекнува од карикатурата „Папа Бидермаер“, кој бил комичен симбол на средената класа во XIX-тиот век. Адолф Кусмаул и Лудвиг Ајхрод, двајца германски новинари од тој период, го создале ликот и објавиле многу сатирични дела под негово име.
Ликот Бидермаер бил угледен граѓанин од средната класа (и прилично досаден, бил без многу интелектуални цели и амбиции). Како резултат на тоа, тогашните елитни класи го сметале за пресмешен и го ставиле неговото име на новиот буржоаски мебел. Иако неговото потекло е одамна заборавено, стилот на Бидермаер денес е широко распространет и користен.
Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.
Кои се неговите карактеристики?
Бидермаер мебелот ја ублажил крутоста и раскошот на претходниот империјален стил. Како резултат на тоа ентериерите биле со поедноставнa, неформалнa атмосфера.
Клучни карактеристики:
- Едноставни и практични форми
- Вклучување на геометриски форми и дизајни
- Посветли дрвени тонови како: орев, бреза, јавор и неколку овошни дрва
- Мала количина на позлатени или обоени детали
Вклучување на мебел во стилот на бидермаер во вашиот дом денес
Поради тоа што, овој стил е веќе 200 години стар, разбирливо е да имате потешкотии да го замислите бидермаер стилот во современ дом. Но, постојат начини со кои ќе го вклучите овој стил дури и во најмодерните домови. На пример, во некоја просторија каде што има поедноставен мебел, совшено може да се вклопат некои парчиња во бидермаер стилот за да се добие чувство на раскош. Наредните слики докажуваат колку всушност е едноставно инкорпорирањето на овој стил во ентериерот.
Текст и фотографии подготвила Моника Кољозова.
0 comments