26
Дек

Празничен декор на Dior

Долгогодишниот пријател на брендот Dior, италијанскиот уметник Пјетро Руфо, како и француската компанија Manufacture des Emaux de Longwy, (основана во 1798 година) работеле на нова линија на празничен декор за домот. Празничната колекција содржи Astro вазна и божиќни украси, комплетирани со елегантни темносини орнаменти. За креирање на производите, авторите користеле сложена техника на пренесување на шаблон со помош на хартија, што овозможило внимателно поставување на шаблонот на површината на декоративните парчиња.

Astro вазната се состои од крем дизајн кој е украсен со деликатни прикази на соѕвездијата, боени во сина боја. Иако бојата можеби е традиционална, техниката применета на вазната, куќата Dior ја опишува како „генијална“. Со помош на хартија, дизајнот се поставува на вазната користејќи метод на пренос што им овозможува на занаетчиите внимателно да ги постават уметничките дела, создавајќи прекрасен централен дел за празнична маса.

Што се однесува до украсите, Dior користи сличен метод на застаклување со емајл и кристален прав за да создаде подеднакво сложени орнаменти за украсување нановогодишна елка.



Паралелно со работата на празничната колекција, Диор работеше и на редизајн на чантата Лејди Диор во соработка со Пјетро Руфо. Луксузната куќа Диор го претстави овој легендарен додаток во ново светло и уште еднаш ја изрази префинетоста на својата виртуозна уметност.

Благодарност до Порта3 за текстот и фотографиите.