02
Мај

Неколку совети за совршена кујна

Кујната е простор кој ја продолжува традицијата на огништето поврзано со собирање на членовите на семејството. Поради нејзината улога на поврзување на семејството, треба да биде прикладно сместена во просторот. Многу често сме лимитирани со големината на просторот предвиден за кујна, а сакаме да ги сместите сите кујнски елементи и апарати во тој простор.

Не секогаш постои очигледно решение и препорачано е посебно во случај на помали простори, дизајнот на кујната да им го препуштите на професионалци кои ќе се погрижат да добиете функционална и убава кујна. Пред да се обратите кај професионалци за внатрешно уредување, најдобро е да се знаат неколку работи кои би ви биле од огромна помош. Во кујната се поминуваат неколку часа во текот на денот така што треба да биде убаво средена, боите да го даваат потребниот мир и уживање дури се подготвуваат оброците, а исто така и сите садови или намирници да ви бидат при рака. Затоа мора да се внимава и мора да се мисли на две работи: функционалноста и естетиката. Распоредот на елементите и белата техника во кујната зависи од големината и формата на просторијата.

Во секој случај при планирањето на новата кујна треба да се даде одговор на следните прашања : 

  • Со колкав буџет располагаме? – од буџетот ќе зависат многу работи, како избор на материјали, оков, бела техника и сл.
  • За кого е наменета? За колку лица е наменета? Дали во семејството има деца? Дали често се пречекуваат гости и сл.?
  • Кои ќе бидат нејзините основни елементи? 
  • Каков стил на кујна да избереме, односно како кујната ќе се вклопи во останатиот простор посебно во случај на отворена и поврзана кујна со дневната и трпезаријата? 

Функционалноста во кујната е максимално важна, дури за многу експерти и најважна бидејќи од тоа како ќе ги распоредите апаратите и работните плочи ќе зависи и функционирањето во неа. Потребно е да направите триаголник во поставеноста меѓу шпоретот, фрижидерот и садоперот, при што садоперот би требало да биде во центарот на овој работен триаголник (во оваа ситуација многу подобра ќе биде формата на квадрат). Работниот триаголник во кујните е малку застарен, но е доста корисен. Се темели на тоа шпоретот, фрижидерот и садоперот да бидат во близина еден до друг. Воедно во мала кујна можете да комбинирате со помали куќни уреди кои би ви биле добра варијанта за заштеда на просторот.

Секој сантиметар е битен

Со оглед на малиот простор многу е важно секој сантиметар да биде искористен на најдобар можен начин. Предлогот е горните елементи на кујната да бидат високи речиси до плафонот и да бидат длабоки до 30 сантиметри, што дава огромен простор за ставање на работи. Таму можете да ги поставите оние садови кои ги користите многу ретко односно 3-4 пати во текот на една година.

При дизајн на една кујна мора да се внимава и мора да се мисли на две работи: функционалноста и естетиката.

Организација на просторот во самите елементи (долни и горни)

За да го добиете она што го посакувате многу е важно добра организација на кујната односно добар распоред на сите садови кои ги имате и помагала. Организаторите за фиоки, како и преградите за шишиња на некои производители како Samet, Hetich, Blum се одлична варијанта за да се добие посакуваниот простор, но и да се извади максимум од секој дел од кујната.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување на вашата кујна 2Д/3Д рендери и/или изработка на вашата кујна од снишата, побарајте нè.

Најдобро е да направите список на планираните елементи и апарати за домаќинство кои ви се потребни во кујната. Мебелот за кујна секојдневно се менува, следејќи ја појавата на нови апарати и уреди во домаќинството. Пред да одлучите што ќе купите, проверете дали кујната е доволно пространа за да ги прифати сите планирани елементи и уреди, бидејќи во современите станбени простори кујните многу често имаат помали димензии.

При планирање на распоредот следете ги овие правила:

  • Оставата за храна, вклучувајќи го и местото на кое домаќинката ќе ја спушти торбата од пазар, треба да се наоѓа близу вратата; 
  • Оставата за храна треба да биде што е можно поблизу до работната плоча; 
  • Пламениците или електричните плочи за готвење мора да бидат близу мијалникот за да садовите за готвење полесно ги полниме со вода; 
  • Преземeте мерки на претпазливост за да се спречи прекумерно загревање на фрижидерот или простор/празнина помеѓу фрижидерот и ѕидот. Погрижете се да има минимално растојание од 5 см простор околу страните и задниот дел на уредот, и најмалку 2,5 см простор на горната страна.
  • Машината за миење садови треба да биде сместена во ормар за садови или покрај него, а во близината треба да биде мијалникот, сливникот и корпата за отпадоци за да садовите се исчистат од остатоците од храна; 
  • Ако во кујната работат две лица, просторот за движење помеѓу покуќнината не би требало да биде потесен од 125 cm, а во помалите кујни не би требало да биде потесен од 76 cm.

Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување на вашата кујна 2Д/3Д рендери и/или изработка на вашата кујна од снишата, побарајте нè.

Наместо заклучок

Доколку ги следите овие совети или советите од професионалци и во зависност од одговорите на поставените прашања може да се дојде до заклучок која кујна е најдобра за едно семејство, особено во поглед на распоредот на елементите во кујната. Најважно е елементите и предметите да се на дофат на рака. Основно правило при организација на просторот во кујната, кое го опишува идеалниот распоред гласи : фрижидер – работна површина – мијалник – работна површина – плоча за готвење – работна површина. Оваа шема го следи редоследот на приготвување на јадењата, вклучувајќи го и миењето и обработката на намирниците, готвењето, како и сервирањето на храната. Независно од тоа дали елементите во кујната ќе бидат поставени во низа, во форма на буквата U или L , би било добро да се постигне идеален распоред или приближен на него.