Дрво со финa текстура споено со бетон во стан во Токио
Овој стан со површина од околу 57 квадратни метри лоциран во центарот на Токио, реновиран е по проект на јапонското биро KENTA HIRAYAMA ARCHITECT & ASSOCIATES. Иако станбената единица е компактна, таа е аголна просторија исполнета со сонце и свртена кон голема ботаничка градина, нудејќи потенцијал за богата животна средина и покрај нејзината мала површина.
Зградата во која се наоѓа станот е бетонска конструкција стара 50 години. Архитектите ги отстраниле сите стари завршни материјали, откривајќи ја бетонската рамка. Целта им била дизајн на ентериер каде контрастот и соочувањето со бетонската конструкција и новите материјали убаво се спојуваат заедно.
Ви треба 3Д ентериер дизајн или мебел по мерка, пополнете ја формата на линкот или пишете на info@dekorama.design.
Проектот е структуриран првенствено околу мебелот и лизгачките врати, избегнувајќи создавање непотребни ѕидови секаде каде е можно. Оваа стратегија ѝ дала чувство на леснотија и експанзивност на оваа мала резиденција. Истовремено, го рационализирала и поедноставила процесот на градба, пишува ArchDaily.
Во овој стан во која живеат брачен пар и нивното мало дете, кујната е во центарот на нивната слика за начинот на живот. Кујната е поставена во центарот на станот, така што кога ќе се застане на шанкот во кујната, може да се види трпезаријата, просторот за работна масата и спалната соба. Дополнително, за да се избегне ќорсокак на задниот дел од кујната, предвиден е пат до дневната соба. Основата со кружна функција во станот дава чувство на експанзивност на малата резиденција.
Во изборот на материјали како главен материјал се користи црешовото дрво со финa текстура, со намера да се создаде контраст со грубиот бетон направен пред 50 години. Исто така, во кореспонденција со шумата која се гледа низ прозорците, за долгото биро и масичката коритсено е истото дрво. Дрвото што е употребено за масичките рециклирано е од стари материјали за да се создаде дизајнот. На ѕидот зад кујната е поставено големо огледало за да се минимизира неговото присуство, визуелно да се зголеми длабочината на просторот и да служи за внесување на надворешното зеленило во внатрешноста на станот.
Благодарност до Порта 3 за текстот и фотографиите.