H&M home пролет-лето 2021
Доколку сте љубител на модерниот дизајн, шведскиот моден гигант H&M има линија за домот која изобилува со прекрасни додатоци, од преубави постелнини и декоративни перничиња па до забавни принтови на чиниите за јадење, а она што е новитет е дека пролетната колекција на H&M Home ја збогатуваат со парчиња мебел и осветлување кое лесно ќе се вклопи во сечиј ентериер.
Мала помошна масичка со плоча од мермер
Мермерната плоча на оваа масичка со метални ногари е зајакната со медијапан. Идеална за чување на книги или одложување на утринското кафе.
Ретро ратан
Трендот на сафари кој е актуелен кај многу од производителите на мебел и додатоци за домот e застапен и овде, и дополнително е проширен со абажури за висечки светилки, како и подни и столни ламби.
Минималистичко осветлување
Линијата на црни минималистички подни и ѕидни светилки лесно може да вклопи во ентериерите опремени во индустриски стил.
Кафе масичка за колекционери
Оваа ретро дрвена масичка има стаклена горна плоча која овозможува да ги чувате и покажете вашите вредни спомени, сувенири и омилени списанија.
Метална количка за сервирање (пијалоци, храна)
Оваа количка за сервирање (пијалоци, храна) е изработена од метал со две големи тркала и две сталажи за послужување. Тркалата се обложени со гума. H&M home го нуди системот кој ни е одамна познат од ИКЕА „направи сам“. Едноставна е за монтажа.
Ниска метална кафе масичка
Оваа ниска кафе маса е изработена од обоен метал и е соодветна не само за надворешна употреба (двор, градина), туку истата може да го разубави вашиот дневен престој. Изгледот ветува трајност, имено металот е доста отпорен на физички оштетувања. Округла со низок раб и избор на неколку бои.
Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување (дневна, спална или кујна на пример), побарајте нè.