05
Мај

Kултен дизајн на светлечки тела

Во минатиот век, на пазарот се појавија цела низа иновативни дизајни на светлечки тела (осветлување). Некои беа брзо заборавени со тек на времето, но има парчиња кои и денес се произведуваат. Кога зборуваме за култен дизајн на светлечки тела (осветлување), неколку имиња веднаш паѓаат на ум. Но, без разлика дали станува збор за индустрискиот гениј на браќата Кастиљони (Ахил и Пјер Џакомо) или деликатниот смисол на Вернер Пантон, секој од нив споделува барем две заеднички карактеристики. Првата е желбата да се преобликува начинот на кој комуницираме со светлината, постигнат преку смели нијанси, употреба на материјали или интерактивни рамки. Втората карактеристика е нешто покомплицирана. За да биде навистина култен, дизајнот мора да ја надмине ерата во која е роден, наоѓајќи резонанца со идната публика како парче вечен дизајн.

Подолу избор од неколку  светилки, ламби и лустери кои ги задоволуваат критериумите да бидат вклучени на листата култни светлечки тела, за кои веруваме дека демонстрираат генијалност и безвременски дизајн.

Модел: Огледална топка висечки лустер  

Дизајнер: Том Диксон

Година: 2016

Во 2016 година, ретро-футуризмот се врати во форма на висечки лустери „огледални топки“ на Том Диксон. Нивната светлечка/огледална завршница е резултат на комплексен процес на обликување со дување и вакуумска метализација; лента од бакарна фолија испарува како ситна магла и се залепува за внатрешноста на топката.


Модел: Меур лустер/Bubble Pendant Light

Дизајнер: Џорџ Нелсон за Херман Милер

Година: 1952

Вистински дизајн од средината на минатиот век. Џорџ Нелсон првично ја дизајнирал серијата лустери меурчиња инспириран од серија шведски ламби обвиткани со свила. Како резултат на нивниот статус на икона, овој лустер зазема место во постојаната колекција на MoMA во Њујорк.


Модел: Столна ламба Снупи

Дизајнер: Ахил и Пјер Џакомо Кастиљони

Година: 1967 г.

Палавиот карактер на браќата Кастиљони се гледа во нивниот дизајн Снупи, кој се одликува со препознатлива, лесна форма. Снупи е ламба со емајлиран метален рефлектор и бела мермерна основа, која дава директна светлина преку дебел стаклен диск. Има внатрешен затемнувач и прекинувач. Со дизајнот на Снупи, браќата Кастиљони му оддаваат почит на Чарлс М. Шулц.


Модел: TACCIA oд Флос

Дизајнер: Ахил и Пјер Џакомо Кастиљони

Година: 1962 г.

Алуминумска ламба за маса што обезбедува индиректна и рефлектирана светлина. Рефлектор е во обоен алуминиум, сјајно бело однадвор и мат бело одвнатре. Дифузер со насочување во проѕирно стакло. Телото може да биде во сребрена или црна мат боја. Основат е пониклувана.


Модел: Лустер Спутник

Дизајнерот: Џино Сарфати

Година: рани 1950-ти

Италијанскиот дизајнер и пионер на модерното движење на средината на векот, Сарфати е инспириран е од лансирањето на првиот советски сателит Спутник. При дизајнот на Спутник, Џино Сарфати креира осветлувањето кое е практично, а сепак убаво и секогаш повеќенасочно.


 

Модел: PH 4/3 Pendant Lamp

Дизајнер: Пол Хенингсен

Година: 1929

Исклучителен пример за  интеракција на дизајнот и технологијата е „Висечката светилка ПХ 4/3“ на Хенингсен за надоле насочено светло кое не заслепува. Изработена од пресуван алуминиум, со бела внатрешност и боја оп желба на надворешната страна „Висечката светилка ПХ 4/3“ дава мека, удоле насочена светлина рамномерно распоредена и креира пријатна и удобна атмосфера.

Модел: ТИП 113 светилка/ TYP 113 lamp

Дизајнер: Curt Fischer

Година: 1919

Светилката TYP 113 за првпат е произведена од Мидгард (Midgard), компанија формирана во 1919 г. Дизајнерот Curt Fischer со неа пробал да го реши проблемот со лошото осветление на работните маси во фабриките. Walter Gropius, кој бил пријател на Curt Fischer со неа ја опремил Баухаус (Bauhaus) школата за дизајн во Деасу.


Модел: Серија лустери ПХ

Дизајнер: Пол Хенингсен

Година: 1924

Пол Хенингсен дебитирал како дизајнер во 1924-та година, кога победил на натпреварот за дизајн на светилка/ламба на Louis Poulsen. Со тоа започнала нивната долгогодишна соработка која траела до средината на шеесетите и во текот на која биле дизајнирани над стотина модели на светилки. Некои од првите модели на серијата ПХ биле изложени во Вилата Tugundhut дизајнирана од Mies van der Rohe. Во периодот на пеесетите, неговите дизајни можеле да се најдат во речиси секој дом во Данска. Во лустерот артичок (види подолу), Хенингсен користи различни обоени нијанси на стакло за да ја минимизира количината на емитувана бела светлина и да создаде златна сенка.


Модел: Ламба скакулец/ Grasshopper Floor Lamp

Дизајнер: Greta Grossman

Година: 1948

Грета Гросман е една од најплодните дизајнер(к)и на сите времиња. Таа го има популаризирано скандинавскиот дизајн  од другата страна на Атлантикот  откако емигрирала во Лос Ангелес од Шведска.  Во 1947/48 го креира својот најпознат дизајн на ламба кој личи на скакулец.


Модел: Лустерот Глобус-топла праска / VP Globe – Warm Peach

Дизајнер: Вернер Пантон

Година: 1969

Лустерот „Глобус-топла праска“ има кристално чиста акрилна надворешна сфера со пет внатрешни рефлектори кои висат од три челични ланци. Амбицијата на Пантон беше да дизајнира лустер што веднаш го привлекува вниманието, без оглед дали виси самостојно или во група. Ова го прави идеален избор за над трпезариска маса, во долг ходник или како самостоен елемент во агол.на просторијата.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување или детален проект за осветлување како и опремување на вашиот дом со сите потребни светлечки тела, побарајте нè.