Култни парчиња мебел 2
Модел: Ламба скакулец/ Grasshopper Floor Lamp
Дизајнер: Greta Grossman
Година: 1948
Greta Grossman е една од најплодните дизајнер(к)и на сите времиња. Таа го има популаризирано скандинавскиот дизајн од другата страна на Атлантикот откако емигрирала во Лос Ангелес од Шведска. Во 1947/48 го креира својот најпознат дизајн на ламба кој личи на скакулец.
Модел: Гардеробер на тркала/Wardrobe on Rollers
Дизајнер: Josef Pohl
Година: 1929/30
Овој едноставен гардеробер од шперплоча е креиран од Чешкиот дизајнер Josef Pohl во 1929 г. И познат како “гардеробер на ерген” поради својата мобилност и заштеда на простор. Дизајниран со мобилност на ум, поставен е на тркала, со што е олеснето движењето во различни правци. Идејата е да се овозможи опремување на апратманите по пристојна цена.
Модел: The Eames Lounge Chair and Ottoman
Дизајнер: Ray and Charles Eames
Година: 1956
Креативното дуо Ray and Charles Eames се прекрасен пример на трендсетери. Со нивната бескрајна љубопитност за експерименти, овој пар прави револуција во американскиот декор во 40-тите години. Едно од најпознатите и култни парчиња мебел е нивната лежалка/Eames lounge chair.