03
Дек

Икеа во 2023

ИКЕА го откри следниот тренд кој ќе не следи во новата 2023 година, и тој ќе биде многу пријатен. Според шведската компанија, на крајот на 2022 и почетокот на 2023 година, изборот за дизајн ќе стане се похрабар и покреативен бидејќи луѓето се повеќе се изразуваат себеси после неколку години во пандемија. Резултатот на тоа е тренд наречен Folklore Fusion.

„Откако поминавме повеќе време во истите четири ѕида, гледаме зголемена креативност во начинот на кој ги украсуваме нашите простори“, изјави Клотилде Пасалакуа, менаџер за внатрешен дизајн во ИКЕА Велика Британија и Ирска. „Инспирирани од сеќавањата на безгрижните денови, гледаме дека се фаворизирани геометриски шеми кои не враќаат назад во претходните децении“.

Како изгледа Folklore Fusion? Пасалакуа објасни дека се работи за внесување боја во просторите, притоа додавајќи допири на неочекувани дезени. „Можевме да видиме еклектичен микс од контрастни комбинации на бои, бидејќи длабоките црвени, моќните жолти бои, смелите сини и славните зелени заземаат централно место, додека белите и кремовите ги балансираат. Исто така, постои преференција за внесување боја во различни форми, од едноставни дезени и текстил до мебел од обоено дрво“.

Накратко, стилот изгледа пријатно, но исто така возбудливо и привлечно без да изгледа толку пренатрупано како да речеме, кај максимализмот. Пасалакуа вели да не избегнувате да правите смели дизајни. „Кога станува збор за додавање карактер, вклучете уникатни парчиња што ќе ги натераат гостите да зборуваат и комбинирајте модерен мебел со смели принтови“. Таа заклучи: „Оваа сезона ќе видиме повеќе луѓе кои ќе ја прифатат забавата во домот, со делови што ја изразуваат нивната индивидуална личност. Едноставните измени ќе помогнат да се воспостави пријатна атмосфера, идеална за темни ноќи во релаксација со пријателите и семејството“

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или        модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

ИКЕА – пролетна колекција 2023 година

Пролетта е сезона за нови почетоци. По празничната сезона, време е да се ресетирате, да ги прилагодите вашите цели и намери за претстојната година. Ова исто така значи дека е време да го подготвите вашиот дом за новата година. Статистички, луѓето се чуствуваат подобро и помотивирано за успешно освојување на предизвиците, доколку нахсиот доме е среден и чист.

ИКЕА ќе ви помогне да создадете свеж и уреден дом за новата година со нови паметни решенија за складирање, како и нов декор и мебел во забавен дизајн со свежи, шарени дезени. Еве неколку идеи на ентериери кои ќе ви покажат дека, со додавање на мали детали и бои, вашиот дом може да изгледа многу посвежо и обновено.

Текст и фотографии подготвила Моника Кољозова.