
Кујнски мијалници
Мијалникот е срцето на секоја кујна. Без разлика дали подготвувате ручек, плакнете овошје или брзате да ги исчистите чинии по вечерата — токму тука се случува најголемиот дел од „невидливата“ магија. Иако често е во сенка на апаратите и кујнските површини, изборот на мијалник е клучен за комфор, функционалност и визуелна хармонија во просторот.
Денес, кујнските мијалници доаѓаат во најразлични форми, големини и материјали, од традиционален нерѓосувачки челик, композит, керамика, природен камен, бакар итн. Мијалникот е местото каде што ги ставате валканите садови, полните чаша вода и миете/подготвувате храна. Искрено, веројатно поминувате повеќе време околу вашиот мијалник отколку на кое било друго место во вашата кујна. Тоа бара внимателност и посветеност при изборот подеднакви на изборот на другите елементи на кујната.
Во продолжение, ве водиме низ најпопуларните типови кујнски мијалници, нивните предности и совети за избор — особено ако планирате целосна или делумна изработка на кујна по мерка.
Доколку Ви треба совет за уредување на вашата кујна и/или изработка, побарајте нè.
Најчести типови кујнски мијалници
Изборот на мијалник може да биде макотрпна работа и затоа ќе ви предложиме неколку решенија кои сметаме дека ќе ги задоволат вашите естетски и функционални потреби и барања.
Mијалник од инокс/нерѓосувачки челик/ростфрај
🔹 Најпопуларен избор, особено кај модерни и минималистички кујни
🔹 Отпорен на топлина и корозија, но лесно се гребе и остава водени дамки
🔹 Достапен во многу дизајни, длабочини и форми
Препорака: Наш предлог Box lux 40 достапен во Солопром, одличен за мали и средни кујни
📌 Совет: Секогаш избирајте модел со дебелина над 0.8 мм за подобра издржливост и помалку бучава.


Kомпозитните мијалници
🔹 Изработени од 80% кварц, отпорни на гребење, дамки, топлина
🔹 Поцврсти и потешки од инокс, што бара стабилна работна плоча
🔹 Достапни во различни бои и мат површини
Препорака: UNICO BB 78.1 SI кој се нуди за 11.790 мкд на страната на Сколекс.
📌 Совет: Одличен избор ако сакате боја која ќе се вклопи со остатокот од кујната.

Керамички мијалници
🔹 Класичен и естетски избор, особено за рустични и скандинавски кујни
🔹 Лесни за чистење, но кршливи при удар
🔹 Ограничен избор на локалниот пазар и повисока цена.
📌 Совет: Идеални ако кујната има природен камен или дрво — керамиката додава топлина и текстура.


Гранитни мијалници
🔹 Иако ги нарекуваат “гранитни”, тоа се композити од мелено камење и смола
🔹 Стабилни, со длабоки корита и продолжени површини за батерии и додатоци
🔹 Многу отпорни на гребење и хемикалии, но потешки
Препорака: Може да ги најдете во Продизајн.
📌 Совет: Препорачливо е да се монтира со професионална помош поради тежината и прецизноста што ја бара.

Мијалници од природен камен
🔹 Изработени од гранит, оникс или мермер
🔹 Рачна изработка, секој модел е уникатно уметничко дело
🔹 Бараат специфично одржување и внимателна монтажа
Пример:
🔸 Мијалници од Андреј Митевски – скулпторски решенија за кујни со карактер
📌 Совет: Избор за оние кои сакаат впечатлива кујна и рачна уметничка изработка.


🛠️ Кој мијалник е за вас?
Правилниот избор зависи од:
✔ стилот на кујната (модерен, традиционален, минималистички…)
✔ фреквенцијата на користење
✔ навиките при готвење и миење
✔ буџетот и естетиката која ја барате
🎯 План за нова кујна?
Ако планирате нова кујна или реновирање, изборот на мијалник е само едно парче од сложувалката. Ви нудиме советување, 3D визуелизации и изработка на кујни по мерка, со избор на мијалници кои ќе ги вклопиме совршено во дизајнот.
📩 Контактирајте нè за консултација – ќе ви помогнеме да изберете не само мијалник, туку ќе цела кујна што ќе ја сакате!