22
Јун

Кујнски мијалници

Денес, кујнските мијалници доаѓаат во најразлични форми, големини и материјали, од традиционален нерѓосувачки челик, композит, керамика, природен камен, бакар итн. Мијалникот е местото каде што ги  ставате валканите садови, полните чаша вода и миете/подготвувате храна. Искрено, веројатно поминувате повеќе време околу вашиот мијалник отколку на кое било друго место во вашата кујна. Тоа бара внимателност  и посветеност при изборот подеднакви на изборот на другите елементи на кујната.

Доколку Ви треба совет за уредување на вашата кујна и/или изработка, побарајте нè.

Изборот на мијалник може да биде макотрпна работа и затоа ќе ви предложиме неколку решенија кои сметаме дека ќе ги задоволат вашите естетски и функционални потреби и барања.

Mијалник од инокс/нерѓосувачки челик

Инокс/нерѓосувачки челик е најпопуларно решение за кујна, заради односот цена/перформанси. Не бара посебно одржување, не може да се скрши, но дамките од вода и гребнатинките се вообичаени и секојдневни. Иноксот е најпопуларниот материјал за кујнски мијалници и истите се достапни во различни видови, стилови и големини.

Наш предлог Уна 40 во Солопром.


Kомпозитните мијалници

Kомпозитните мијалници најчесто се изработени од 80% кварц. Тие се креирани за да го направат мијалникот што е можно поотпорен на дамки, топлина, удари и гребење. Генерално се потрајни од мијалниците од инокс, но и поскапи. Предлог модел: UNICO 79.1 SI кој оди во пакет со чешма IRMA се нуди за 14.290 мкд на страната на Сколекс.


Керамички мијалници

Широко достапни, естетски разновидни, лесни за одржување, отпорни на гребнатинки и дамки- не е тешко да се разбере зошто керамичките мијалници се доста присутни и во кујните. Вообичаено се поскапи и кај нас изборот е ограничен.

Гранитни мијалници

Иако се декларирани како гранитни, всушност станува збор за композитни мијалници, изработени од силигранит (кварц и мелен камен гранит). Овие мијалници нудат чисти линии и големо корито за доволно комфор во работата на мал простор / продолжен простор за батерија кој дава можност и за поставување на други функционални елементи / додатоци по избор. Може да ги најдете во Продизајн.

Мијалници од природен камен

Мијалниците на скулпторот Андреј Митевски, изработени се од оникс и гранит.