30
Јан

ВАША КУЈНА, ВАШИ ПРАВИЛА

Дизајнот на кујна е една од најсложените задачи бидејќи секој простор е различен. Покрај функционалните и техничките детали, се трудиме да го направиме најдоброто естетско решение кое нема визуелно да го нагрдува и оптоварува просторот. Нашите дизајнери ја обликуваат кујната во согласност со сите ергономски и функционални закони, и на секој елемент му даваат идентитет и соодветно место. Ние ќе ја нацртаме и дизајнираме идеалната мала или не толку мала кујна за вас.

Пополнете ја формата на линкот или пишете на info@dekorama.design.

Кои се кујнските елементи без кои не се може? Што е неопходно односно кои се must-have елементи во една кујна?

  • Долни елементи
  • Горни висечки елементи
  • Отворени полици
  • Идеи за складирање на поголеми кујнски апарати и предмети
  • Рерна и плотна • Фрижидер • Мијалник и чешма • Аспиратор • Машина за садови (доколку дозволува просторот)

“Ефикасен дизајн: во мала кујна главните елементи/апарати или кујнски единици лесно се достапни. Се е на дофат на рака..”

Зошто мала кујна? – “Small Is the New Big”

  • Максимално искористување на просторот: ограниченоста од аспект на големина прави малите кујни да се дизајнираат имајќи на ум максимално користење на просторот.
  • Помал трошок за материјал, поевтина кујна: вкупните трошоци за изработка на мала кујна се неспоредливо помали, од причина што количините на материјали се помали.
  • Полесен дизајн: помала кујна, помалку опции од аспект на дизајн. Бидејќи дизајнот на основата е ограничен од аспект на пристап до вода, струја, светлина, поголемо внимание може да се посвети на изборот на материјали (иверица, медијапан, фурнир или природно дрво, метален или лиен мијалник и сл.).Може да се изберат и поскапи материјали: бидејќи се набавуваат помалку материјали (2-3 м² гранитна плотна, наместо 5-6 м²) може да си дозволите избор и на поскап материјал.
  • РЕНОВИРАЊЕ НА МАЛА КУЈНА Е ИСТО ТАКА ПОЛЕСНО И ПОЕВТИНО: само со менување на предни врати на елементите или нова плотна и мијалник со чешма, може да го добиете посакуваниот нов изглед.