Професионални совети за декорирање со огледала
Дали штотуку сте купиле стан и сè уште не знаете со каков вид декор ќе го уредите вашиот нов дом? Или отварате сопствен бизнис во кој ќе има фрекфенција на клиенти и соработници? Е има аспект што не можете да го заборавите. Ако сакате вашиот дом, канцеларија, деловен простор да го декорирате со стил, тогаш водете се по најновиот тренд користејќи огледала. Декорирањето на ѕидовите со огледала кога станува збор за модерен дизајн на ентериерот ви дава предност!
Уметноста на уредувањето со огледала
Декорацијата со огледала навистина е уметност. За многумина употребата на огледало е сè уште ограничена и ги користиме да си го видиме нашиот одраз додека се облекуваме, шминкаме или подготвуваме да излеземе од дома.
Но, искрено тие се одлични предмети за декорирање на било какви простори!
Можностите за декорирање со огледала ги надминуваат сите замисли. Од памтивек, огледалата биле културни елементи. Дури и протагонистите на за нас познатите приказни, кои ги паметиме уште од соптвеното детство, моќта и важноста на нивното постоење ни ги опишуваат низ сопствените редови. Една од многуте е Снежана и седумте џуџиња со „Огледалце, огледалце.“ меѓу редовите. Ако културата ги гледа како моќен елемент, зошто да не и ние?
Најновите трендови во декорацијата покажуваат дека украсувањето на ѕидовите со огледала е практична потреба. На тој начин можеме максимално да ги искористиме сите карактеристики во една просторија, преку стратешко поставување огледала на едно или друго место.
Сепак, сè ќе зависи од големината, стилот, бојата, обликот, природната светлина на собата. И, секако, функцијата која огледалото навистина треба да ја одигра во тој простор. Понекогаш тие се едноставно таму за да го направат местото поголемо, а другите да го зголемат чувството на светлина. Некои се само огледала за гледање, но полни со стил и хармонија за нас и просторот во кој се поставени.
Сакате просторот кој ќе го уредувате да биде посебен и секој агол да има свој глас? Ви треба совет за внатрешно уредување, 2Д и 3Д визуелизација, побарајте нè.
Трикови за визуелно зголемување на просторот
Огледалата создаваат чувство за простор, ја апсорбираат сликата и светлината на просторот и ја прават истата да се дуплира. Така, обезбедуваат двојна сензација и во светлината и во длабочината на просторот. Може да се каже дека стратешкото поставување огледало на место, на пример во трпезаријата би било како да додавате прозорци. Повеќето од нас користат огледала првенствено за огледување. Сепак, тие може да помогнат и за оптичко зголемување на било кој простор. Имено ходници или мали и тесни соби, можат визуелно да изгледаaт поголеми со помош на огледало.
Ова можеме да го постигнеме доколку огледалото го поставиме свртено кон еден од прозорците со повеќе светлина од каде имаме многу поширок поглед кон надворешноста. На овој начин, надворешноста ќе биде во нашата просторија, како и целата нејзина светлина, претворајќи едноставна трпезарија во прекрасен поглед, што ќе ни даде пријатно чувство на благосостојба и пространост.
Важно е да се запамети дека еден од клучевите за рамнотежа на енергијата на просторот е во неговото уредување. Поточно во стратегијата на елементи кои дистрибуираат простор и светлина. Затоа, со уредувањето со огледала ќе придонесеме за хармонија во просторот.
Огледалa, понекогаш повеќе е повеќе
Сигурно често слушате дека помалку е повеќе, нели? Па, иако оваа изјава е сосема точна, ако сакаме украсување на ѕидовите со огледала на минималистички начин, има моменти кога вишокот може да ни донесе и повеќе придобивки. Па ајде да ви објаснивме.
Замислете ја вашата дневна соба. Сигурно ќе има маса, некои прозорци, мебел, ламби, врата. Па, замислете дека еден од sидовите, висок, широк и спротивно на некој прозорец или точка на светлина, е полн со огледала. Веднаш добивате чувството на поголем простор! Истовремено да ја споменеме елеганцијата и различноста која огледалата ќе ја дадат овие огледала во вашиот простор.
Исто така, ако вашата трпезарија мала, декорацијата со огледало/а дупло ќе го зголемиот тој простор, проширувајќи ги и подот и таванот. Имајте на ум дека секоја внатрешна просторија е различна, па одтаму секоја од нив ќе добие различен резултат при примена на овој прекрасен декоративен трик.
Асиметрија при декорирањето на ѕидовите со огледала
Сакате сложувалки? Замислете да ја видите вашата соба поделена на 20 дела или вашиот сопствениот одраз? Ова е можно со користење на огледало во рамка. Секако, овие типови огледала не се идеални за шминкање.
Неговата функција е чисто декоративна, да донесе динамика и забава во просторот. Тие честопати се користат стратешки во ходници или sидови кои рефлектираат широка област. Па така, ефектот на огледалото-сложувалка е уште поголем.
Големината е секогаш важна
Не плашете се да поставите едно големо огледало, по можност дизајнирано кое ќе одговара на просторот, а истовремено ќе даде и модерен ефект. Ако имате мала просторија во која сакате да додадете длабочина, вертикално поставеното огледало е најдобра алтернатива.
Едноставно можете да поставите огледало покрај ѕидот. Без закачалки (да виси на ѕид) или на ногарки, едноставно на огледалото ставете му елегантна рамка, а потоа потпрете го на ѕидот. На овој начин ќе создадете одлична амплитуда, додавајќи му непорен романтичен шмек на просторот. Исто ваквко декорирање можете да изреаизирате во тесни ходници, кои по изглед не придонесуваат ништо и тешко се декорираат. Поставувањето големо огледало во овој простор целосно ќе ја промени перцепцијата и ќе го привлече целото внимание.