17
Мар

Нова кујна или промена на дел од кујнски елементи??

Ваша (нова) кујна, ваши правила

Одлуката за освежување на вашата кујна е важна и истата треба да се донесе после добро размислување. Вообичаено, потребно е многу планирање и истражување пред да почнете да ја редизајнирате кујната. За време на овој процес на одлучување, има многу прашања што треба да се постават во врска со тоа како би сакале да изгледа „новата“ кујна. Едно од оние суштинските прашања што треба да се разгледа е дали да се замени комплетно кујната  или да се извршат козметички измени во вашата кујна, како промена на вратички, нови фиоки, нов поквалитетен оков на некои елементи, нова плотна и сл.

Има аргументи и за едната и за другата опција, и секоја опција има свои добри и лоши страни. Доколку ви дозволуваат финансиите најдобро е целосна промена на кујната.  Многу луѓе ја претпочитаат идејата за обновување на нивните постоечки кујнски елементи бидејќи тоа може да биде помал трошок во споредба со инсталирање на комплетно нова кујна. Доколку сакате да и дадете нов живот/изглед на вашата постоечка кујна, може да се направи замена на вратите на кујнските елементи + промена на плотна и садопер/чешма. Буџет за ваква интервенција во кујната би бил околу 1/3 до 1/2 од целосна промена на кујната (во зависност од тоа какви материјали ќе се користат, дали ќе се менува оковот, дали ќе се додават поскапи елементи како вагонетки, вртливи аголни елементи и сл. или само ќе се сменат вратичките).

Промена на горните и долните вратички на елементите може да се заврши 1-2 дена и обично не предизвикува многу стрес во вашиот секојдневен живот.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашата нова кујнa  (2Д и/или  3Д/рендери)  и/или промена и изработка на елементи за кујна, побарајте нè.

Бидејќи за многу луѓе, комплетно нова кујна не е опција, еве неколку причини да ги замените постоечките кујнски вратички, некој елемент(и) или оков со нови.

Причина 1. Оштетени се вратите/фиоките Најчеста причина за промена на вратите или на целосен елемент е оштетување од вода, мувла, чад. Најмногу страда елементот на машината за садови, кај аспираторот. Ако имате мали деца, ниедна вратичка не е безбедна од гребење. Ова може да се случи и на нова кујна.

Причина 2. Сакате поинаков/друг стил на кујнски елементи. Изгледот на вашите сегашна кујна можеби не одговара на стилот на вашиот дом или стилот што сега ви се допаѓа. Можеби сега сакате елегантен, модерен, сјаен дизајн за вашата кујна. Можеби ќе сакате традиционални елементи (рустика) со поинаков финиш од дрво од она што го имате.

Причина 3. Подобар распоред на кујната Ако сакате нов распоредот на вашата кујна, невозможно е само да ги промените постоечките лица на елементите. Ако менувате позиција на рерна, рингли, фрижидер и/или садопер. Во овој случај, ќе биде најдобро да се консултирате со професионалец кој ќе ви помогне да изберете најдобра основа/распоред на елементи кои ќе одговараат на вашите променети потреби.

Причина 4. Кујнските елементи не функционираат добро за вас. Секое семејство има уникатни потреби. Вашата кујна треба да се усогласи со потребите на вашето семејство. На пример, можете да претпочитате фиоки наместо долните елементи со полици во кујната. Можеби ќе сакате вртлив механизам во аголот или вагонетка која е со поголема ширина од постоечката од 15 цм. Вашите постоечки горни елементи може да бидат тешко достапни или вашите полици може да не се прилагодливи. Сите овие фактори влијаат на вашето искуство во кујната и оттаму можеби и потреба за промена на истата.

Со новите вратички на кујнски елементи, можете да изберете идеални решенија за складирање соодветни на вашите потреби и на вашиот животен стил. Ако сакате неколку долни елементи со фиоки, можете да го имате тоа! Ако сакате отворени полици за горниот дел од вашата кујна (наместо класични горни елеемнти), можете да го имате и тоа. Секој аспект од кујната може да се персонализира согласно вашите потреби.

За време на процесот на редизајн на кујната, ние ќе ви помогнеме да ги изберете најдобрите елементи и решенија за вашиот дом, вашиот животен стил и архитектонските карактеристики во кујната/просторот. Пример: Ако имате голем прозорец што сакате да го зачувате, може да препорачаме да го поставите мијалникот пред него и на тој начин да уживате во погледот или да добиете повеќе дневна светлина додека подготвувате оброци. Дури и најмалите детали можат да имаат големо влијание врз вашата среќа – и ние сакаме да сакате да работите во вашата кујна! ПОБАРАЈТЕ НĖ.