30
Сеп

NEXT GENERATION, Made in Macedonia, Ертунч Сали

Кратко преставување на Ертунч Сали

Љубопитен дечко со нови идеи. Јас сум YES MAN-от на новите идеи, иако знам дека некоја идеја од почеток е FAIL, но верувам во „Што АКО!?“. Како во цртањето. Што ако ја сменам бојата колку истата ќе се смени. МНОГУ! Што ако научам нова програма што ќе можам да правам со истата? МНОГУ! Што ако ѝ кажам дека ја сакам, дали ќе ми врати? Можеби! Но вреди да се пробува.

Е.С.
Capital letters are the ones that come before low cases.
WHAT IF YOU PUT ALL OF THEM TOGETHER?
it makes you feel it!

Сали Ертунч е концептуален уметник?

Е што со концептуален уметник? Ако мислиш дека сум јас тоа, чукни три пати на дрво. Пре би скулптура да правам него концептуална уметност, иако имам пробано – сепак во рамките на експериментирање.

Не можам да очекувам реакција од публиката кога моите теми обично се табу, но не скандалозни, или филозофски теми но не сериозни. Контрадикторноста во себе ѝ дава на целата изложба некоја Stand-Up атмосфера со која не е запознаена нашата публика. Сериозно сметам дека нашиот народ мора малце да се опушти и да пошегува и со морталните теми – освен стандардните теми.

Ги користиш ли твоите слики, линорез, принтови, илустрации, цртежи, колажи како декор во домот?

Во најнеконвенционалните места висат моите цртежи, unorthodox начин на декорирање на соби имам јас. Специјално за ќошињата, купени столни лампи со RGB ЛЕД сијалици, кои што светат кон моите слики и откриваат друга димензија во истите. А главните ѕидови не ми се за красење. На нив најчесто висат најновите изработени дела, што стојат неколку недели и потоа добиваат свој простор во станот.


Мојата уметност е „Поетичен Оксиморон“ со панк примеси креирани во лимитирана слободарска идеја, преточено во главном на папир и платно, каде што мајсторкиот дел на уметникот би се видел преку неговите непедантно печатени графики, од страна на немирна душа што го бара мирот во уметноста. Бидејќи поздраво е да разговараш со себе за идеи, додека другите нема да те слушаат или да ја добијат твојата визија.

Омилен стрип и зошто?

Deadpool vs Thanos 001. Забавно е да го читам Deadpool. Антихерои се мои херои. Додека Villans од срце ги разбирам.


Дали те привлекуваат други медиуми и техники на изразување?

Љубопитен карактер имам. Секоја техника ми е добродојдена за креирање некое интересно дело. Секој медиум е нов предизвик, а можеби и иден идеален за артистичкото изразување. Поради таа отворена врата за можности кај мене не прекинува желбата за нови медиуми. Техниките се учат со тек на време или по разговор со еден искусен уметник. Но да го најдеш својот медиум е правата задача на еден уметник. Јас го најдов и не можам да прекинам, и по завршувањето на своите студии, да научам нови техники за истиот.

Популарната култура е секогаш дел од мојата уметност. Не само што при процесот на креирање: пуштам панк песна, Јутјуб видеа на екран, туку ги користам истите елементи во своите цртежи/слики/графики. Истовремено се пуштам во инфлуенцата на поп културата за својата уметност.

Кои игри, филмови, стрипови, музика или др медиуми те инспирираат најмногу?

Омилена игра: League of legends (посебно Wild Rift)

Омилен филм: Zorba the Greek, The Painter and the Thief, Serious Man.

Омилени уметници: J. M. Basquiat, Van Gogh, Francesco de Goya, Henri Matisse, Keith Haring, William Dubuffet, Paul Klee, Sheppard Fairy, Joze Ciuha.

Повеќе информации за Ертунч на неговата веб страна.