23
Јан

Карактеристики на скандинавски стил во внатрешното уредување (втор дел)

Ако треба да сумираме со една реченица, скандинавскиот ентериер дизајн е баланс помеѓу практичноста и убавината. Доколку сакате да дознаете повеќе за основните дизајн елементи и декоративни идеи кои ќе Ви помогнат да постигнете сканди изглед, продолжете да читате.

Избор на бои

Изборот на боја е битен кога станува збор за дефинирање на стил на внатрешно уредување. Во скандинавскиот дизајн, фокусот е на светли и придушени бои, пастелни сенки или нијанси и неутрални земјени тонови. Доколку сакате да акцентирате може да се обидете повторно се светли нијанси на сино или розево.


Изберете мебел со чисти линии

Мебелот е најбитна или клучен фактор на сканди дизајнот. Ако имате дома барем едно парче од ИКЕА имате престава. Скандинавскиот мебел има едноставни линии со чиста силуета и акцент на природни материјали. Доколку може да си дозволите секогаш обидете се со мебел по мерка или занатечиски продукти, наместо индустриски/сериски мебел.

Минимализам

Генерално минимализмот се поврзува со скандинавски ентериер дизајн. Скандинавците (барем повеќето) претпочитаат ред, топол и пријатен простор. Сканди минимализам е поврзан со едноставност и смиреност. Поседување помалку мебел, но квалитетен и најчесто поскап. Парчињата мебел (и декорација) кои иако се во помал број, треба да бидат истовремено удобни, но и функционални.

Една од основните идеи на Скандинавскиот ентериер дизајн е принципот “less is more”. Ограничете го бројот на парчиња мебел и декор во вашиот дом. Тие што ќе останат, ќе бидат во фокус и ќе изгледаат поубаво.


Природни текстури

Материјали како дрво, камен и цигла се користат како текстура во домови или простори дизајнирани во сканди стил.  

Дрвени подови (паркет и бродски под)

Најчесто користен материјал во Скандинавија е бело дрво кое го прави просторот отворен, проветрен и чист. Според Квик Степ „ништо не може да го победи природниот шарм на вистинско дрво“.  Во нордиските земји, дрвото го има во изобилство. Тоа е една од причините поради и која се користи во скандинавскиот ентериер дизајн. Дабот се користи за сè, од подови, мебел па се до плафон. Исто така освен даб, доста се користат и бреза и бор.

Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување во скандинавски минималистички стил, побарајте нè.