Системи на лизгачки/шибер врати
За разлика од традиционалните и вообичаени крилни врати (со шарки), системите на лизгачки врати овозможуваат маскимално искористување на просторот кој е резервиран за отворање на крилната врата. Во услови кога живееме во помали станбени единици чие уредување бара функционалност и флексибилност, примената на шибер врати помага во креирање на попријатен дом и овозможува повеќе различни опции за уредување на просторот; истовремено не се запоставуваат ниту естетските, ни функционални барања на членовите на семејството.
Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување (2Д и/или 3Д/рендери), побарајте нè.
„Примената на систем на лизгачки врати помага во креирање на пријатен дом, заштеда на простор и овозможува различни опции за уредување на просторот; истовремено не се запоставени ниту естетските, ни функционални барања на членовите на семејството”
Уредувањето на помали станови претставува предизвик, но и можност за креативност со цел да се постигне заштеда на простор. Во услови на лимитиран број на м² и број на соби (ограничен животен простор) отворањето и затворањето на класична крилна врата претставува проблем.
Решение на овој проблем се лизгачките врати. Порано постоеја врати кои се лизгаа исклучиво на ѕид, додека денешните модерни лизгачки врати овозможуваат и вградување на системи обложени со гипсени плочи, што по потреба може да ги направи невидливи и да создаде подобро чувство за просторот.
Доколку барате врата која штеди простор, постојат неколку опции:
- Една опција е систем на „pocket“ или невидлива лизгачка врата, која лизга во ѕидот/ѕидовите и не зафаќа воопшто простор во собата.
- Друга опција е т.н. „barn” или амбарска внатрешна преградна дрвена/стаклена врата, односно шибер систем кој го затвара преминот помеѓу две соби. Вообичаено овој систем го сочинуваат алуминиумска шина и сет тркалца и водилки.
Пред да се решите за едната или другата опција добро е да направите споредба на предностите и слабостите на двата системи: „pocket“ или невидливи лизгачки врати и „barn” т.е. амбарска внатрешна преградна дрвена/стаклена врата.
Најбитна предност на невидливи лизгачки врати т.н. „pocket“ е што се целосно скриени кога се отворени и не го покриваат/кријат ѕидот.
Предности и слабости на невидливи лизгачки врати т.н. „pocket“
Предности
- Скриени кога се отворени
- Лесен пристап
- Зафаќаат малку простор
- Не го покриваат/кријат ѕидот кога се отворени
- Различни опции за самите врати
- Се вклопуваат во различни стилови на внатрешно уредување
Слабости
- Потешко се инсталираат
- Потешки за одржување
- Може да излезат од шина
- Може да не се затвораат убаво
- Слаба звучна изолација
- Скапи се
Најголема слабост на амбарската внатрешна преградна дрвена/стаклена врата е што обезбедуваат лоша звучна и топлинска изолација.
Предности и слабости на внатрешна преградна дрвена/стаклена врата т.е. „barn”
Предности
- Лесно се инсталираат
- Лесен пристап
- Зафаќаат малку простор
- Лесни за одржување
- Не го покриваат/кријат ѕидот кога се отворени
- Различни опции за самите врати
- Се вклопуваат во различни стилови на внатрешно уредување
Слабости
- Може да бидат тешки за отворање/затворање
- Го покриваат/кријат ѕидот кога се отворени
- Може да излезат од шина
- Може да не се затвораат убаво
- Не обезбедуваат звучна и топлинска изолација