03
Дек

Стан со минимален буџет, но одмерен и со вкус

Овој стан во Москва со површина од 50 квадратни метри е дело на бирото Артјом. Буџетот за проектот бил минимален, па така сите одлуки и решенија во врска со материјалот и изгледот биле што е можно поедноставни.

Архитектите го поделиле станот на два дела: тие ги комбинирале дневната соба и кујната и ги подигнале спалната соба и работниот простор на повисок под од иверица покрај прозорците.


И покрај ваквата поделба помеѓу приватното и јавното, станот се чувствува обединет. Двете зони се прилично компактни и ослободуваат простор во дневниот и работен дел, каде што сопствениците го поминуваат поголемиот дел од своето време.

Висок остров во средина на собата ја прави кујната невидлива од дневната соба. Спалната соба е одделена од кујната и дневната соба со преграда од LED цевки дизајнирана од Артјом. Бојата на цевките може да се менува со компјутер.


Архитектите избрале да користат природни материјали за завршната обработка и мебелот: дрво, микроцемент и природни бои, додека плафонот е оставен во натур бетон. Сопствениците сами го украсиле станот со слики и растенија, но килимот во дневната соба архитектите го донеле од Мароко.

На двете страни на троседот има две комоди со тркала. Кога се поврзани, тие формираат дополнителна маса.

Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Артјом проектирале и изработиле одредени елементи на мебелот, вклучително и мини-сауната во бањата.

Благодарност до Поhttps://www.porta3.mk/stan-so-minimalen-budzhet-no-odmeren-i-so-vkus/рта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.