05
Сеп

Ефектите на икигаи во внатрешното уредување

Внатрешниот дизајн игра клучна улога во подобрувањето на квалитетот на живеење; бојата или текстурата влијаат на искуството на луѓето и како тие го чувстуваат просторот, соба дизајнирана со специфичен мебел ја дефинира функцијата итн. Има причина зошто сме опседнати со дизајнот. Нашиот свет е преплавен со слики од прекрасни ентериери, пријатни дневни соби осветлени од камин, неверојатни трпезарии со лустери, магични детски соби и сл. бидејќи на сите ни треба бегство од стресот на секојдневниот живот. За да добиеме подобра претстава за тоа како функционира икигаи кога станува збор за внатрешен дизајн, односно кои се ефектите на икигаи врз ентериерот, најнапред треба да се запознаеме генерално со концептот на икигаи.

Што е икигаи?

Општите принципи на икигаи всушност функционираат доста добро кога станува збор за внатрешен дизајн. Тоа е јапонски концепт кој се однесува на тоа да се има насока или цел во животот што обезбедува чувство на исполнетост и насока/правец во кој личноста може да дејствува за да му даде задоволство и смисла на животот. Икигаи може да ги опише и двете: целите во животот и мотивацијата. Ики, што значи живот, и гаи, што значи вредност, се комбинираат за да ја формираат вашата причина за постоење или причина за станување наутро.

Икигаи, генерално значи чувство на достигнување и задоволство што се јавува кога луѓето ги следат своите страсти.

Оваа состојба може да ја постигнете со наоѓање на совршениот пресек, комбинирање на следниве параметри:

  • Она што навистина го сакате
  • Она што му треба на светот
  • За што може да се плати
  • Она во што сте добри

Спојување на само два или три од горенаведените параметри и ќе останете преоптоварени или неисполнети, па затоа е од суштинско значење да ја најдете совршената рамнотежа на сите четири.

Како икигаи се применува и го менува дизајнот на ентериер?

Идејата да се примени икигаи при дизајнот на ентериер е да се создаде начин на живеење – чувство за минималност што е функционално и естетско во исто време. Се разбира, ако уживате во готвењето, фокусот е вашата кујна да биде погодна за користење а истовремено да изгледа убаво. Ако вашата работа бара да бидете од дома, вашата домашна канцеларија треба да ве поттикне да бидете продуктивни. Икигаи е повеќе фокусиран на спојување на работата и личниот живот.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување (дневна, спална или кујна на пример) 2Д/3Д рендери и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Прво, примената на икигаи во домот ќе ја намали потребата нашите домови да функционираат како „бегство“. Наместо да ни треба засолниште од нашите вообичаените 9-17 на работа, ќе треба да најдеме интерес нашиот животен стил да го вклучиме и дома, како и надвор.

Второ, со намалување на потребата за креирање на засолниште, простор за бегство и спокојство, дизајнерите на ентериер може да експериментираат со апстрактни иновативни концепти во домовите. Наместо моментално популарната естетика – спокојство на бели ѕидови, неутрални палети и минималистички мебел, очекувано е примена на енергичната апстрактна уметност, храбти и живи бои на ѕидовите и мебелот.

Овој концепт влијае и на реализацијата на замислите дизајнерите на ентериер преку користење на нивното сопствено икигаи при дизајнот на клиентски ентериер. Имено вашиот дефиниран и препознатлив бренд, глас и естетика ќе најдат (треба да најдат) простор при морфирање/дизајнирање на ентеририте на вашите клиенти.

Во секој случај, кога фокусот на дизајнерите на ентериер е во точката каде нивната страст се среќава со вештината и дава најдобри резултати, ќе гледаме подобри, висококвалитетни ентериери и поорганизирани фирми за дизајн на ентериер.