13
Ное

Домот на Карим Рашид

Карим Рашид, автентичниот дизајнер, роден во Каиро, живее во подеднакво автентичен дом. Во потрага по место за живеење, кога тој и неговата сопруга Ивана чекале дете, Карим поминал низ различни домови и не се „смирил“ се додека не пронашол небрусен дијамант, кој го довел до полн сјај, оживувајќи го со неверојатен ентериер.

Домот на Карим Рашид се наоѓа во Hell’s Kitchen, луксузен дел на Менхетен, и се одликува со пространост и декор што го потсетува славниот дизајнер на неговото детство.


Домот претрпел некои козметички промени, вклучувајќи бели дрвени подови и зелена огледална површина во отворената кујна. За Рашид неговиот дом е жива лабораторија, место каде неговите најнови дизајни се мешаат со постоечкиот инвентар на мебел и предмети со тек на годините. „Тоа е начин да го искусам она кое штотуку сум го направил и да го испробам“, вели опкружен со интензивни бои и поп на неговите дизајни кои воедно се и многу функционални.

Во својот дом тој создал свој универзум. „Животот со сите мои работи ме внесува во мојот сопствен свет“ вели тој и додава: „Можам да ја пронајдам душата на мојата работа“.


Подната ламба Vapor е на Studio Italia. Гарнитурата е дизајн на Карим Рашид за Valdichienti, а конзолата Ottawa е неговиот дизајн за BoConcept. Килимот е дизајн по нарачка на Рашид, направен од Oriental Weavers. Во дневната соба има слики од Ryan McGinness, Jen Mann и Рашид. Светкавата столица е дизајн на Рашид, соработка со LG Hausys.


Трпезариската маса и столици се дизајн на Рашид за BoConcept. Полиците со со керамички предмети на Рашид, Fornasetti и Ettore Sottsass. Ламбата Floob е дизајн на Рашид за Foscarini. Столицата за лулање е Bailey Rocker. Сликата биковско око е на Gabriel Delponte. Во дневната соба, слика од George Whiteside виси над комодата Tide, дизајнот на Рашид за Horm, на која има предмети од Заха Хадид, Рокси Пејн и други.


Вешто организираниот плакар на Рашид е доказ за неговиот стил со потпис. Рашид ги дизајнирал и шарените обувки за Sully Wong. Масичката покрај креветот е на Zanotta; на нејзе е книгата од Рашид и свеќарник од чешкото студио Qubus. Светилката Triptik е дизајн на Рашид за George Kovacs. Тапетите се негов дизајн за Marburg Wallcoverings.. Гостинот кревет од Room & Board прекриен е со постелнина Marimekko.


Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.