22
Мар

Зошто сè повеќе луѓе го бираат микроцементот и зошто не е за секого?

Без фуги. Без прекини. Само чиста линија од идеја до реалност. Еве зошто сe повеке луге го бираат микроцементот и зошто не е за секого.


Прво, малку суштина

Микроцементот е декоративен материјал на цементна основа кој се нанесува во тенки слоеви (2-3 мм) врз постоечки површини — бетон, плочки, гипс, па дури и дрво. Резултатот: монолитна површина без фуги, со континуиран изглед и карактер кој плочките не можат да го постигнат.

Не е нов материјал. Но неговата примена во станбени и комерцијални простори доживеа вистинска ренесанса со порастот на минималистичкиот ентериер.

Каде има смисла?

  • Бања: без фуги = без мувла, spa-изглед, простор кој визуелно се шири.
  • Кујна (под / backsplash): континуитет со дневната соба, лесно одржување, идеален за open space.
  • Дневна соба (под / акцент ѕид): “галериски” ефект, мебелот доаѓа во прв план.
  • Ходник и влез: издржлив, минималистички, силен прв впечаток.
  • Комерцијален простор: бутици, ресторани, теретани, канцеларии — сигнал за бренд со став.

Микроцемент vs плочки – споредба

 МикроцементКерамички плочки
ФугиНема — монолитна површинаСекогаш присутни
Визуелен ефектНепрекинат, галерискиСегментиран
ОдржувањеЗаштитен слој / 3-5 год.Чистење фуги редовно
ПоправкаСложена, бара стручна ракаЛокална замена на плочка
Ефект врз просторВизуелно го зголемуваНеутрален
Цена на изведбаПовисокаПониска до средна
Дизајнерски флексибилностВисока, нема ограничувањеОграничена на модели

Поентата не е дека микроцементот е “подобар” — туку дека е поинаков. Тој е вистинскиот избор кога дизајнот е приоритет и кога изведбата е доверена на стручна рака.

Инвестиција: реален ценовен опсег

Да бидеме директни: микроцементот не е евтин избор. И тоа е сосема во ред — под услов да разбирате зошто.

  • Материјал + изведба: ориентационо 35 до 70 EUR/m2, во зависност од сложеноста на просторот, бројот на слоеви и заштитата.
  • Зошто толку? Процесот бара искусен изведувач, неколку дена работа и прецизна подготовка на подлогата.
  • Долгорочно: со правилна заштита (обнова на лак на 3-5 год.) трошокот по метар на годишно ниво е споредлив или пониски од реновирање на плочки.

Изгледа скапо затоа што мора да се изведе добро. Нема евтин микроцемент кој изгледа добро.

Размислувате за микроцемент?
Закажете консултација, да разговараме за вашиот простор, материјали и реален буџет или пополнете ја формата https://dekorama.design/configurator. Без обврска.
info@dekorama.mk | www.dekorama.mk

ЧПП (често поставувани прашања)

Дали мора рушење на плочките или може микроцемент преку нив?

Не мора рушење, но подготовка на плочките е задолжителна. За да се изведе микроцемент врз постоечки плочки, потребно е:

  • Плочките да се стабилни и цврсто залепени, ниту една не смее да „движи“
  • Фугите да се исполнат со шпакла за да се изедначи површината, ако се прескокне овој чекор, фугите со текот на времето се гледаат низ микроцементот
  • Површината да се пескари или хемиски да се подготви за подобро прифаќање
  • Да се нанесе грунт (primer) соодветен за постоечката подлога

Кога сепак мора рушење: ако некои плочки се лабави или шупливи, ако постои влага под нив, ако разликата во нивото создава проблем кај праг или врата, или ако се работи за подно греење кое бара адаптација.

Практично: за бања или кујна со плочки во добра состојба, изведбата преку нив е честа и сосема реална пракса. Се заштедуваат трошоците за рушење, шут и нивелација и тоа е дел од причината зошто микроцементот понекогаш е поисплатлив отколку комплетна реновација.

Дали е соодветен за подно греење?

Да, но изведувачот мора да биде информиран уште пред почеток. Термичките дилатации влијаат на изборот на подлога и системот на заштита.

Колку трае изведбата?

За просечен станбен простор: 3 до 5 работни дена, вклучувајки подготовка, нанесување и заштита. Просторот не може да се користи во тоа време.

Дали е тешко за одржување?

Не — доколку е правилно заштитен. Секојдневното одржување е лесно (едно бришење). Заштитниот слој се обновува на 3-5 години, зависно од употребата.

Може ли да се поправи ако се оштети?

Локалната поправка е покомплексна отколку замена на плочка. Ова не е скриена мана — само реалност на материјалот. Затоа квалитетот на изведбата е критичен уште од почеток.


Декорама, кога го препорачуваме

Микроцементот не го нудиме на секој клиент. Го нудиме кога просторот го заслужува — кога има јасна визија, кога материјалите треба да зборуваат еден со друг, и кога квалитетот на изведба е приоритет.

Ако проценуваме дека не е вистинскиот избор за вашиот простор, ќе ви го кажеме тоа на прв состанок. Таква е нашата работа.