31
Мар

Јапонски производители на мебел

Конструирани со силни чувства за функционалност и дизајн, јапонскиот мебел е познат глобално. Доколку Ви се потребни идеи за промена на внатрешното уредување ќе ви преставиме неколку јапонски производители на мебел кои може да ве охрабрат да преземете нешто. За сите љубители на јапонски дизајн….

Столица “Polar lounge“ на Каримоку

Чистата, заоблена и мека форма и даваат на оваа столица карактеристичен и нежен изглед. Дизајнирана е на начин, кој овозможува лесно да се вклопи во различни простори(и); od чекални, па се до канцеларии, музеи, продавници и домови.  Додека седењето е релативно ниско, потпирањето е поставено на тој начин да обезбедува исправеност на грбот. Штофот пак, гарантира удобност и долготрајно користење


Суто работна маса на TRUCK

Оваа маса е со ултра тенок дизајн, метални ногари на кои е прицврстена плоча од јапонски даб. Поставеноста на ногарите (со нивелатори) остава доволно простор за нозете и лесно може да се трансформира од работна во маса за состаноци или просторна трепезариска маса за 4/6 лица.


Кафе масичка CREER на TAKUMI KOHGEI

Прекрасна форма, која ја носи толку бараната симетрија во домот. Со користењето на симетрична форма, креирана е масичка која носи ментална стабилност на луѓето и подсвесно ги кани да седнат околу неа да се релаксираат. Заоблените краеви ја прават безбедна за деца. Маса која зрачи занаетчиска и мајсторска изработка.


Фиокар на TAKUMI KOHGEI

Уникатен сандак направен од фиоки во различна големина и боја. Постои и верзија во една боја/материјал за оние кои сакаат посмирен дизајн. Овој мајсторски изработен сандак/фиокар ветува исклучително необично присуство во ентериерот.

Дабова полица за вина на TAKUMI WOODWORK

Оваа полица е изработена од даб и во неа може да се чуваат до 25 шишиња вино. Интересно е дека фирмата Takumi Woodwork е основана од двајца не-Јапонци и се наоѓа во Нисеко, на островот Хокаиодо.


Рафт софа на ARIAKE

Рафт е модуларна софа направена од солидна дрвена рамка и модули кои може да бидат седење со потипрач за грб, седење без потпирач и мала странична масичка. Инспирацијата за рамката е од сплав, па оттаму и името. Различните комбинации на софата ја прават погодна за различни намени и простори, канцеларија, дом, чекални и сл.


Brick-Block Collection на Нисин

Направена во Такајама, Јапонија оваа полица е дел од стилската и функционална „блок од тули“ колекција. Блоковите лесно се редат и даваат комплетна слобода во презентирање на вашите омилени предмети (книги, сувенири, вазни итн.). Идеални се за оние кои во домот сакаат да ја внесат едноставноста на јапонскиот дизајн. Оваа едноставна и забавна полица е направена од Нисин/Nissin, познат производител на мебел лоциран во занаетчискиот град Хида Такајама.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување во јапонски минималистички стил, побарајте нè.