06
Сеп

Кујнски елементи и работна плотна кои изгледаат добро заедно

Работната плотна е суштинска компонента на кујната. Тоа е местото каде што се одвива целата акција во кујната. Исто така, плотната е основата на декорот на кујната и го носи товарот за поставување на тонот и чувството на просторот. Комбинирањето различни нијанси на кујнските елементи (горни и долни), плотна, под, ѕидови и додатоци за да ја создадете вашата совршена палета на бои во кујната не е едноставна. Вашата кујна треба да биде израз на вашиот личен стил, а бојата е еден од најдобрите начини да се внесе личност во просторот. Постојат безброј опции и комбинации на боја во вашата кујна кои може да ги изберете. Доколку не сакате да експериментирате, изберете неутрални тонови за основните елементи кои се поскапи и потешки за замена, вклучувајќи кујнски елементи, плотна, под (најчест избор се плочки) и кујнски апарати. Во случај на потреба од ажурирање, поевтино и поедноставно е да ја промените бојата на ѕидовите, ѕидната облога, рачки, осветлување. Со оваа стратегија, можете лесно и достапно да ја замените шемата на бои на вашата кујна доколку се решите за реновирање или освежување на кујната. Кога избирате бои за кујната, започнете со основна боја (која најмногу ја сакате) и побарајте две или три други бои што добро ќе се комбинираат со основната.

Еве неколку комбинации на бои во кујната за да се инспирирате и да креирате кујна која ги одразува вашите лични вкусови.

Сјајна сина и мат камена плотна

Комбинација на сјајни сини кујнски горни елементи со мат бели долни (без рачки) и плотна се одлични за елегантна минимална кујна. Sидната облога може да некоја потемна нијанса на сива, додека белата техника е метали/сребрена сјајна.

При изборот на боја за кујнските елементи, земете ја предвид светлината во вашиот простор. Боите треба да го балансираат просторот. Значи, ако светлината е ограничена и студена, пожелно е да користите полесни, потопли бои. Ако кујната е преплавена со природна светлина, обидете се со потемна, порасположена боја.

Црни елементи и бела плотна (класична смокинг комбинација)

Контрастот на бело и црно е драматичен и примамлив. Проблем е дека црни површини се чувствителни на дамки, додека бела плотна (бела или антрацит е добар избор и за садопер, посебно во Скопје) е функционален избор.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување на вашата кујна 2Д/3Д рендери и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Комплетно бела кујна (елементи и работни површини)

Белата е најчестиот избор на боја поради едноставноста и неутралноста. Белите кујнски елементи и плотна се совршени ако сакате да го истакнете уникатниот кујнски декор или карактеристики. Битно, изборот на бела е пријателски за буџетот (посебно во случај на елементи од иверица). Негативна страна на белите кујни е што изгледаат ладно и стерилно. Изборот на бела боја ја прави кујната светла и е начин да се создаде илузија на простор и сјајност.

Бела боја на елементите + дрвена плотна

Премногу бело може да значи дека просторот се чувствува клинички и студен, наместо чист и светол. За да избегнете ваков тип на ситуација, размислете за додавање на боја или текстура, мешање на бели кујнски елементи со контрастни површини или кујнски апарати во боја. Ако мислите дека бела е досадна опција, стерилноста може да се разбие со делумно дрвени елементи и плотна кои внесуваат привлечност и текстура во просторот. Исто така, можете да се обидете и со похрабар дизајн на плочки на подот или зидната облога.

Жолта боја на елементи

Жолтата боја влијае на нашите емоции и е одличен избор за кујни, особено ако има недостаток на природна светлина. Светла е и весела и внесува позитивност во срцето на домот. Жолтата е истовремено разигран и храбар избор за кујната бидејќи внесува свежина и енергија.

Темно сива

Со темно сива (нијанса на јаглен) боја на елементите, без разлика дали е мат или сјај, вашата кујна ќе изгледа супер софистицирано. За подобар баланс работните површини (плотна) може да бидат со дрвен декор, мермер, капучино и сл.