11
Дек

Домашна библиотека

Побарајте нè за заедно да креираме простор за чување на вашите книги

Ако вашите книги се вака наредени, сигурно знаете дека постојат и други начини.

Ние не сме куратор на книги, но знаеме да дизајнираме и изведеме библиотека согласно вашите потреби, простор и животен стил. Направете го вашиот дом подобро место за живеење и изложете ги на соодветен начин книгите кои ги читате.


“Соба без книги е како тело без душа”


Зошто е битно да имате домашна библиотека?

  • Знаењето е моќ
  • Тишината е “cool”
  • Го разубавуваат  просторот
  • Имате гугл дома
  • Ве тера да поставувате тешки прашања и да размислувате “Што ако …..?”
  • Вашите деца ќе ви бидат благодарни. Домашна библиотека ќе им даде прилика на вашите деца лесен пристап до книгите, можност сами да откријат различни жанрови на литература. Тоа значи дека ќе имаат прилика да научат нови работи на различни теми.

“Библиотека е место населено со духови кои излегуваат од страниците во ноќта.” – Изабел Аљенде