09
Мај

Мурал во внатрешното уредување

Без сомнение, муралите постојат уште од самото постоење на човекот, како форма на вредно сведоштво за животот, од праисториското време па се до денес. Од пештерските слики во Ласко Гротос во јужна Франција, до денешните мурали на улична уметност, луѓето оставаа знаци на сопствено постоење на многу места низ светот. Токму од најраните гребнатини, резби, гравирања и слики сега имаме бесценето познавање како од поблиската историја така и од минате векови, муралите имаат големо значење за човештвото, бидејќи тие ги отсликуваат човековите активности, секојдневното постоење па и религиозните традиции низ времето нагласувајќи ја бесценетоста на различноста на човековите култури во различни периоди и фази низ историјата.

Низ времето, мурали се цртаат како на внатрешни така и на надворешни ѕидови, на многу јавни и приватни згради како што се палати, храмови, гробници, музеи, библиотеки, цркви и куќи на благородници и уметнички покровители, ширејќи се улиците и архитектонските елементи од дамнина, задржувајќи го првичното значење и цел: да се отслика општеството, создадено од приказни, вредности, соништа, промени.

Зборот мурал потекнува од латинскиот збор „murus“, што значи ѕид. Денес, муралната уметност можеме да ја дефинираме како парче уметничко дело насликано или нанесено директно на ѕид, таван или други поголеми трајни површини, рамни, вдлабнати или конвексни. Ова била омилена техника на многу уметници, вклучувајќи ги големите мајстори како Леонардо Да Винчи и Микеланџело Буонароти, Диего Ривера, Хозе Клементе Ороско и Давид Алфаро Сикеирос, па се до нашите Чемерски и Личеновски.


Важноста и влијанието на муралите во детска соба

Со реализацијата на мурали во детската соба ја стимулирате уметничката природа на вашето дете. Муралот ги поттикнува децата да бидат поинспиративни и ја развива нивната креативна страна. Колку повеќе детето ја истражува својата креативност, толку повеќе учи. Ѕидниот мурал во детската соба е забавен и креативен и истовремено на вашето дете му дава можност да ја рефлектира својата личност. Иако многу луѓе се фокусираат на практични вештини како учење математика или јазични вештини, уметноста понекогаш се занемарува. А уметноста всушност, кај децата има големи бенефити, од причина што го вклучува визуелното учење, моторните вештини, инветивноста како и развивањето на културната свест. Истовремено има позитивно влијание врз учењето јазици, лесното донесување одлуки, како и подобрувањето на целокупните академски перформанси на детето. Со додавањето на мурал во собата на вашето дете ја стимулирате уметничката природа која ќе му биде инспирација низ секојдневното сопствено постоење и функционирање. Колку порано детето го опознае сопствениот живот, особено низ креативните процеси, вклучувајќи ги и муралите кои самите, или со ваша помош би ги искреирале, толку порано создаваат здрава подлога за идна себерализација. Па одтаму, што порано инвестирате во мурална вредност, толку порано и полесно вашето дете ќе ја добие основата за сопственото идно учење. Доколку вашето дете е постаро, би било добра идеја да го прашате која е неговата желба и замисла. Овозможете му на вашето дете да избере од опциите кои вие предходно сте ги селектирале. На овој начин, ти ќе учествуваат во процесот на дизајнирање и нивната соба ќе добие поличен простор. Така, вашето дете ќе добие чувство на безбедност и приватност. На сите нас ни е потребен личен простор, а децата не се ништо поразлични. Добро е да знаете дека ова можете да го постигнете едноставно со избирање на вистинскиот мурал!


Мурал во спална соба

Освежете ја вашата спална соба со ѕиден мурал. Муралот може да ви помогне да создадете мирен и релаксирачки простор со што би добиле спална соба која отсекогаш сте ја посакувале. Тој можеби нема да ја зголеми квадратурата на просторијата,  но со сигурност може да направи просторијата да изгледа поголема, поотворена и поинтересна. Со користење на светли, смирувачки бои и тонови може да се создаде илузија за поширока и поголема соба. Спалната соба е просторија за повлекување, релаксација и одмор, па така и уметничките дела во неа треба да ги одразуваат истите елементи, и секогаш е најдобро муралите да се насликаат директно над креветот или на ѕидот наспроти нивото на погледот при легната положба. Спалната соба е место каде што ги ткаете вашите соништа. Ова е место каде ги поминувате најсреќните моменти со вашето семејство. Ова е толку приватно место кое крие посебни спомени. Па кога станува збор за уредувањето на вашата спална соба, почнувајќи од мебелот, севкупниот ентериер па така и муралната уметност треба да е во склад со боите на опуштеност.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување или сакате да го разубавите вашиот дом со мурал, едноставно изберете го вашиот совршен мурал/слика, дадете ни ги димензиите (ширина и висина) на ѕидот и ние ќе Ви дадеме понуда. Побарајте нè.