19
Дек

Фика

Во последно време, луѓето се фасцинирани од скандинавскиот начин на живот. Од Шведска ни доаѓа фика или сумирано „кафе со благце”. Зборот се појавил во 19-тиот век од сленговскиот збор за кафе (kaffi). Направена е инверзија и оп фика. Секој обид да се преведе би значело тој да изгуби дел од своето значење. Но, да му се објасни на некој што не е од Шведска што е фика, не е најлесната работа на светот. Не постојат определени правила за тоа што е fika (фика), иако обично означува квалитетно поминато време со драги луѓе, поголема количина кафе и мала закуска. Фика се служи или со нешто благо или пак со отворен сендвич. Фика има големо значење и важност во  Шведска, имено зборот фика може да се користи како именка и како глагол. Искрено не можеме ни да го преведеме на македонски: Дали вие фика? Може да ја практикувате сами или со пријателите, дома или во кафуле, во природа, на работа, каде било. Станува збор за пауза за кафе, но тоа е многу повеќе од кафе. Тука се и земичките со цимет, чоколадните топчиња во кокос, колачиња со марципан, колач од јаболка, отворен сендвич или некој друг колач по желба. Фика дефинитивно има многу подлабоко значење од обична пауза за кафе и благо. Станува збор за ритуал во нивната традиција, а Швеѓаните го објаснуваат како време за опуштање, зближување со пријателите, подобро запознавање или одмор од дневните обврски.

Доколку Ви треба дизајн на кујна 2Д и/или 3Д/рендери (за да споделите или    практикувате фика), како и изработка на кујната, побарајте нè.

Што има на фика-масата?

Неопходно за фика е шолјата кафе. Но, се разбира, кафе не пијат сите. Наместо кафе, може да се пиете чај, салеп, сода или кој било друг пијалок кој ви се допаѓа. Повеќето Швеѓани ја комбинираат својата пазуа со некое пециво, наречено fikabröd. Меѓу најпопуларните се канелбулар (лепчиња со цимет), чокладболар (чоколадни топчиња) и бисквити.

Фика за средба и запознавање

За време на слободното време, фика има тенденција да биде малку подолга отколку за време на работа. Фика може да потрае од 30 минути до неколку часа. Може да се сретнете со вашите пријатели, некој со кој имате заеднички интерес и сакате да размените знаење или информации, па дури и да запознаете потенцијален партнер (date). Неформалноста на фика им олеснува на сите да предложат или да се согласат со фика.

Каде до Фика?

По можност во кафуле или ресторан. Но, секако може и да поканите некој дома на фика. Можеби не за прв пат, тоа може да биде малку чудно и морничаво и е невообичаено за Шведска, но секако кога ја познавате личноста малку подобро.

Ако не сакате да се сретнете со некого, нема проблем, одете сами. Уживајте во атмосферата во кафулето и испијте силно силно шведско кафе.

Здрави фика рецепти

Иако не сме експерти за фика, ќе пробаме да ви ја доближиме и да ви кажеме како да ја практикувате. Имено фика може да се случи во било кое време од денот, за разлика на пример на чајот во Англија. Може да прерасне во мало дружење, ако поканите пријатели да ви се придружат. Вообичаено се служи кафе или чај, но исто така може да се послужат и ладни пијалоци како лимонада или оранжада.

„Фика означува квалитетно поминато време со драги луѓе, поголема количина кафе и мала закуска”

Со фика може да се ресетирате по напорниот ден. Фика е навика што нè тера да застанеме, да седнеме, да се опуштиме, да земеме здив. Новите времиња и трендови на здрава исхрана предизвикуваат благото да се замени со еко фика рецепти, како солени грицки или сендвич со смокви, авокадо, хумус или кој било друг органски производ.  Фика може да премине во мезење на пример пршута со кашкавал, лепче, тврдо варени јајца, па дури и зеленчук во комбинација со димена риба. Изгледа може да заклучиме дека фика се однесува на храна која може да се јаде со раце, употреба на вилушка се препорачува само во исклучителни случаи.

Бидете секогаш слободни за фика, без оглед колку и да сте „бизи“. Значи седнете денес со некого на кафе, пардон на фика!