13
Апр

Како до совршена кујна?

Голем број од сопствениците на домови планираат да ги реконструираат своите домови во блиска иднина и повеќето од нив сакаат да се фокусираат на кујната. Ова дефинитивно има смисла! За многу семејства, кујната е срцето на домот. Не е само местото каде што готвите, туку и местото каде поминувате квалитетно време со оние што најмногу ги сакате.

Кујната е многу важна во уредувањето на домот и затоа треба внимателно да се планира. Во најголем дел распоредот и типот на кујната зависи од просторот предвиден за неа. Сепак постојат правила, принципи и трикови со чија примена се постигнува оптимално искористување на просторот и подобрена функционалност.

Запомнете го кујнскиот триаголник
Најважното нешто што треба да се запамети кога бирате дизајн на кујна е  кујнскиот триаголник или работниот триаголник. Ова е конфигурацијата на  трите главни  работни места во вашата кујна: мијалник, шпорет и фрижидер. За оптимален распоредот на кујнскиот триаголник, позицијата на мијалникот и апаратите (шпорет и фрижидер) најдобро е да консултирате дизајнер на   ентериер или архитект кој ќе ви помогне во изборот. За да го направите   вашиот простор што е можно поефикасен, овие три области треба да направат триаголник што е доволно голем за да овозможи движење, но доволно мал за да можете лесно да одите од едно до друго додека носите тешки тенџериња и тави.

Изборот на апарати е важен за крајниот изглед на кујната, во последните години се најбарани вградените апарати кои целосно се вклопуваат во дизајнот на кујната. Така фрижидерот, машината за садови, и аспираторот се скриени и од надвор се исти како вратничките и фиоките што овозможува беспрекорен дизајн.

Ако сте во потрага да дизајнирате совршена кујна за себе и вашето семејство, дојдовте на вистинското место. Подолу се наведени неколку работи кои може да во помогнат да извлечете максимум од вашиот проект „совршена кујна“.

Доколку Ви треба „рецепт“ за вашата нова кујна  (2Д и/или 3Д/рендери) и изработка на истата,   побарајте нè. Ние сме експерти за кујни.

„ЛЕД“ осветлување под горните елементи

Дневната светлина е одлична, но имаме потреба и од соодветно вештачко осветлување во кујната. Добро и квалитетно осветлување на работниот дел помага да се осветли целата кујна. Добро осветлување под горните елементи обезбедува клучно осветлување на задачите при подготовка на оброците. Во исто време добивате и амбиентално осветлување и осветлување на работната површина. ЛЕД или LED (Lighting Emitting Diode) осветлувањето под елементите истовремено е и енергетски ефикасно. Тие користат помалку од 25% од енергијата потребна за осветлување од другите типови на осветлување. Исто така, тие не содржат никакви опасни хемикалии, гасови или метали како што содржат многу други комерцијално достапни светла. Голем избор на ЛЕД ленти во различни бои и должини може да се најдат во Лед Маркет или во Солопром.


Двоен мијалник

Сите оние кои имаат можност и доволно простор би ги советувакле да си дозволат двоен мијалник од нерѓосувачки челик. Имено, двојните мијалници се најдобри за оние кои рачно ги мијат садовите, а единечен или обичен мијалник е посоодветен за оние кои користат машина за садови.


Голема работна плотна за подготовка на храната

Материјалите за работни плочи се променија доста радикално во последните неколку години, нудејќи огромен избор за секој буџет. Технологијата ни даде супер цврсти материјали кои се практично неуништливи, идеална опција за кујна која често се употребува. Во меѓувреме, трендот за распоред на кујна со отворен план (поврзана со трпезарија и дневна соба) доведе до користење на поскапи и луксузни материјали за оние кои може да си дозволат.

Внимателниот избор на работна плотна е витален дел од процесот на дизајнирање на кујната. Важно е не само материјалот да одговара на изгледот и стилот на вашата кујна, туку и да одговара на вашиот животен стил. Некои природни материјали развиваат богата патина, други полесно се оштетуваат со абење и користење. При изборот освен изгледот, внимавајте и на издржливоста и леснотијата на чистење на работната површина на кујната. Повеќе за избор на кујнска работна плотна на следниов линк.

Канта/корпа за отпад и рециклирање

Популарен предмет што многумина од вас го имаат, или би сакале да го додадат во кујната е канта за отпад и рециклирање. Со зголемување на навиката за рециклирање, се наметна и потребата да се има не само канта која ќе го чува ѓубрето скриено (додека не се фрли во контејнер), туку и дополнителна канта за рециклирање.

Доколку просторот (големината на кујната) дозволува мала канта за ѓубре/рециклирање е задолжителна, за да ги држите предметите подалеку од видното поле. Истата може да ја инсталирате во долните елементи за да може да ја отворите и пристапите со мал удар на коленото или колкот или со педала. Одлично е за оние моменти кога вашите раце се полни или валкани и не можете рачно да ја отворите корпата за отпадоци. Одлично решение за лесен пристап директно од работната плотна е ова во Солопром.

Обезбедете си доволно простор за складирање

Една од најчестите поплаки кога станува збор за кујните е недостатокот на простор за складирање. За да не дојдете во ситуација да имате помалку простор отколку што ви треба, добра идеја е да ангажирате професионалец кој ќе ви помогне во обезбедување на доволно простор. Дизајнерите на кујни, како и професионалните изведувачи имаат долгогодишно искуство во дизајнирање кујни и можат да ви помогнат да одлучите што точно ви треба во однос на складирањето и распоредот.

Изберете ја вистинската боја на кујнските елементи

Изборот на боја е важен, посебно кога станува збор за мала кујна. А, белата боја е победнички избор во дизајните на малите кујни, бидејќи белата подобро ќе ја рефлектира светлината низ просторијата. Белата изгледа современо и лесно се комбинира со сите бои и нијанси. Последните неколку години земјените нијанси имаат метеорски подем во светот на дизајнот, а тоа се однесува и на кујнските елементи. Популарноста на некои темнозелени нијанси само се зголеми за време на пандемијата, кога сопствениците на домови се обидоа да внесат нијанси инспирирани од природата (ментолзелена, жалфија, маслинесто зелена и сл.).