Дизајнирањето на кујна е секогаш предизвик, бидејќи секој дом има свои уникатни потреби и просторни ограничувања. Во процесот на дизајн, не се фокусираме само на функционалните и техничките аспекти, туку внимаваме и на естетиката, стремејќи се да создадеме решенија што не само што ќе го оптимизираат просторот, туку ќе му дадат и визуелна свежина. Нашата цел е да дизајнираме кујна што не го „оптоварува“ просторот, туку напротив, го прави полесен и попријатен за користење. Дизајнирањето на кујна вклучително и останатиот мебел по мерка за мали станови е клучно за оптимално искористување на секој агол.
Нашите дизајнери се грижат секој елемент да биде ергономски усогласен и функционално поставен, обезбедувајќи идеален баланс меѓу практичноста и убавината. Секој детал е внимателно дизајниран за да добие свој идентитет и посебно место во целокупната слика. Без разлика дали станува збор за мала, компактна кујна или пространа кујна со отворен план, ние ќе создадеме решение што ќе го задоволи вашиот начин на живот.
ВАША КУЈНА, ВАШИ ПРАВИЛА – овој принцип е сржта на нашиот пристап, бидејќи секогаш се стремиме да го отсликаме вашиот уникатен вкус, стил и потреби во секој дизајн што го креираме. За нас, кујната не е само место за готвење – таа е срцето на домот, простор каде што се создаваат спомени и се ужива во моментите. Токму затоа, сме посветени да дизајнираме кујна која не само што ќе биде практична, туку и целосно ќе одразува кој сте вие и каков е вашиот начин на живот.
Пополнете ја формата на линкот или пишете на info@dekorama.design за персонализирани решенија за декорација на дом.
Кои се кујнските елементи без кои не се може? Што е неопходно односно кои се must-have елементи во една кујна?
Долни елементи
Горни висечки елементи
Отворени полици
Идеи за складирање на поголеми кујнски апарати и предмети
Рерна и плотна • Фрижидер • Мијалник и чешма • Аспиратор • Машина за садови (доколку дозволува просторот)
“Ефикасен дизајн: во мала кујна главните елементи/апарати или кујнски единици лесно се достапни. Се е на дофат на рака..”
Зошто мала кујна? – “Small Is the New Big”
Енергетска ефикасност, малите кујни трошат помалку енергија за осветлување и климатизација, што ги прави енергетски поефикасни. Со помал простор, намалени се и трошоците за греење и разладување, што придонесува за еколошка и економична опција.
Штедењена време, во мала кујна, сè што ви е потребно – алатки, садови, состојки – е на дофат. Ова овозможува поорганизирано готвење и побрзо подготвување оброци, со што заштедувате драгоцено време.
Максимално искористување на просторот: ограниченоста од аспект на големина прави малите кујни да се дизајнираат имајќи на ум максимално користење на просторот.
Лесно одржување: мала кујна е подобра и полесна за чистење и одржување. Многу полесно е да се одржува чиста и средена (за разлика од голема кујна), што го олеснува секојдневното работење во неа.
Помал трошок за материјал, поевтина кујна: вкупните трошоци за изработка на мала кујна се неспоредливо помали, од причина што количините на материјали се помали.
Модерен изглед и стил: малите кујни можат да бидат модерни и стилски дизајнирани. Со правилно избрани бои, материјали и детали, мала кујна може да создаде модерен и функционален изглед, што е во тек со современите тенденции во дизајнот на интериор.
Полесен дизајн: Помала кујна, помалку опции од аспект на дизајн. Бидејќи дизајнот на основата е ограничен од аспект на пристап до вода, струја, светлина, поголемо внимание може да се посвети на изборот на мебел по мерка за остатокот од станот, како и на материјали (иверица, медијапан, фурнир или природно дрво, метален или лиен мијалник и сл.). Може да се изберат и поскапи материјали: бидејќи се набавуваат помалку материјали (2-3 м² гранитна плотна, наместо 5-6 м²), може да си дозволите избор и на поскап материјал.
РЕНОВИРАЊЕ НА МАЛА КУЈНА Е ИСТО ТАКА ПОЛЕСНО И ПОЕВТИНО: само со менување на предни врати на елементите или нова плотна и мијалник со чешма, може да го добиете посакуваниот нов изглед.
Ентузијасти сме да дизајнираме простор кој ќе ја одразува вашата визија и ќе ви донесе задоволство и конфор. Ние веруваме дека најдобро дизајнираните домови и деловни простории се навистина индивидуални и претставуваат рефлексија на клиентот или неговиот/нејзиниот бизнис.