14
Јан

Трендови за кујна 2021

Без разлика дали годинава сфативте дека кујната не е само за покажување, туку и за подготвување на храна, или пак се претворивте во некој од генијалците кои ги гледаме на 24Kitchen, трендовите за кујна за 2021година ќе ве натераат да посакате да реновирате.

„Покрај стандардните барања (лесна за одржување, функционална и удобна), новите трендови ќе Ви ја разбудат имагинацијата.“

Природни материјали и топли бои

Годинава што изминува не научи дека конфорот во домот е исклучително важен, и дека природните материјали како камен и дрво му даваат топлина и живот на просторот, па затоа не е ни чудно што кујните од орев се враќаат на голема врата.

Светилки од дрво, ратан, јута и коноп

Трендот на природни материјали не се однесува само на вратичките на кујнските елементи, туку и на светилките кои се користат. Плетените абажури ќе и дадат опуштен изглед и нов шарм на вашата кујна, дури и ако се одлучите да го прескокнете “големото реновирање” годинава.

Плочки со впечатливи дезени

Вообичаениот избор на неутрални и смирени плочки од кои нема да се уморите годинава заменете го со нешто кое ќе го покаже вашиот карактер. Без разлика дали ќе одберете рустичен декор, плочки со изразена текстура или облога од стакло со испринтани тропски мотиви, нека биде wow. Проверете ги плочките на Marazzi Group S.r.l., може да ги најдете и во Македонија.

Кујна во зелена боја

Драма и луксуз – два збора кои совршено го опишуваат новиот тренд на кујни во зелена боја. Од нежните пастелни нијанси до јаките доминантни тонови, зелените кујни ќе ги гледате на сите страни. Покрај спојот со црна галантерија, може да ги комбинирате и со детали во месинг или златен финиш за дополнителен wow ефект.

All black издание на кујна

Иако најчесто се користи за акцентирање, црната боја постепено ќе ја замени белата кога станува збор за дизајнот на кујна. И не, не мислиме на црните фронтови со висок сјај кои доминираа пред десетина години, туку на софистициран артдеко вајб истакнат преку фронтовите, подовите или ѕидовите во црна боја, и дополнително нагласен со дрвени детали кои му даваат рустичен шарм.

Уметнички детали

Зголемената популарност на отворениот простор за живеење дозволува кујната да се претопи и надоврзе на мебелот од дневната соба, па се почесто ќе гледаме кујни со отворени полици кои даваат можност за поставување на уметнички детали и сувенири.

Кујнски батерии кои воодушевуваат

Честопати, мала промена во кујнскиот декор може да направи бум во целокупниот изглед, и ова особено се однесува на кујнската батерија. Сјајна, брусена, во боја, изработена од хром или композитен материјалултра модерна или ретро, оваа година изборот на кујнската батерија ќе и даде нова димензија на вашата постоечка кујна или дополнително ќе ја акцентира новата кујна.

Паметно складирање

Под влијание на генералниот хаос кој го предизвика Ковид 19 и лекциите од Мари Кондо, во 2021 ќе се стремиме да го расчистиме нашиот животен простор, вклучително и кујната. Токму затоа добро планираниот простор за складирање ќе биде клучен за да ги сокрие сите кујнски апарати и намирници и да направи кујната да изгледа како штотуку да излегла од насловната страна на некое списание.

Посакувате нова кујна или сакате да и дадете нов изглед на постоечката, побарајте нè. Ние ќе ја нацртаме, дизајнираме и изработиме идеалната кујна за вас (од избор на материјали, механизми, па се до плочки и осветлување).