Лагом и внатрешното уредување
Буквален превод на ‘Lagom‘ од шведски е „доволно, достаточно, адекватно или тамам,”. Кога велиме „лагом“ мислиме на едноставност и минимализам. Се однесува на скромно живеење, наместо расипно и живеење во изобилство. Лагом како мантра промовира рамнотежа и функција, наместо луксуз, расипништво и екстравагантност во секој животен аскпект, од храна, патување, па се до мебелот во домот.
„Лагом“ кој доаѓа од фразата ‘lagom är bäst’, означува точна количина; ни премногу, ни премалку. Идеален превод на македонски би бил таман или тамам. Се работи за урамнотежен, одржлив и животен стил кој е пријатен за уживање. Слично на хиге и лагом може да се инкорпорира во домот преку елиминирање на непотребните елементи и фокус на добро избрани, минималистички предмети. Доколку сакате да дизајнирате прекрасен и пријатен дом со лагом, следете ги препоракиве подоле.
Побарајте нè на info@dekorama.design и/или пополнете ја формата доколку Ви треба совет за внатрешно уредување во минималистички стил.
Фокусирајте се на едно парче мебел (создадете една фокусна точка)
Лагом е да го цениш и да бидеш среќен со она што го имаш. Ако се имате мали соби, поставете ги поголемите парчиња мебел до ѕидовите за да го максимизирате отворениот простор и да направите малата соба да изгледа поголема. Изберете неколку парчиња мебел кои се навистина неопходни и фокусирајте се на едно акцентирано парче. Концентрирајте се на избор на една фокусна точка во просторијата, наместо на неколку клучни елементи, и со тоа ќе создадете впечаток на екстремно модерно живеење и едноставност. Фокусна точка може да биде слика, фотографија или таписерија на ѕид, убава софа или дури и модерен килим.
Креирајте хармонија и рамнотежа
„Не комплицирајте“ е филозофијата на лагом. Обидете се да ги поедноставите работите и ќе постигнете повеќе. За да го постигнете ова во домот и да креирате чувство на хармонија и рамнотежа, изберете само неколку клучни бои. Неутрални нијанси се идеални бидејќи рефлектираат елеганција и едноставност. Комплементарни бои на неутралните одат добро со неколкуте клучни бои и обезбедуваат елеганција и едноставност. Намалете го декорот и додатоците во просторот, бидејќи помалку е повеќе, и додадете растенија бидејќи тие ја внесуваат природата што е совршено усогласено со изгледот на лагом. Лагом е еднакво на внимателно избрани декоративни елементи и парчиња мебел.
Размислувајте зелено
Планирајте простор за повеќе домашни билки, зеленилото ќе го направи вашиот дом многу порелаксиран. Добро поставени растенија (или дури и помало дрвце, се разбира ако дозволи просторот) ќе симулира природата во домот. Некои билки помагаат во отстранување на загадувачи и хемикалии од воздухот.
Користете неутрална шема на бои
Осветлете ги собите и креирајте чувство на смиреност со неутрален избор на бои. Светло сива и бела се бои кои релаксираат и окото лесно се прилагодува на нив. Природно дрво и валкана бела се идеални за подови. Доколку се користи акцент боја, тоа може да биде светло сива или светло сина. Генералното правило е да се оневозможи вознемирување или истото да се сведе на минимум.
„Лагом кој доаѓа од фразата – lagom är bäst, означува точна количина; ни премногу, ни премалку“.
Користете на огледало/а во просторот
Општо познато е дека стаклени површини и огледала се едноставен начин да се направи една соба да изгледа поголема и посветла. Со рефлектирање на светлината, огледалата помагаат да се отвори просторот, додавајќи длабочина и висина. Огледалата исто така може да ги зајакнат и квалитетите на декоративните елементи и мебел во една соба.
Огледала се ефективен асистент во вматрешното уредување. Тие визуелно може да помогнат да се нагласат пропорции на декоративните елементи, да се создаде “екстра” простор. Доколку се користат мазни огледални панели, кои се наоѓаат во различни агли во однос на едни со други, ќе се создаде интересен калеидоскопски ефект.
Побарајте нè на info@dekorama.design и/или пополнете ја формата доколку Ви треба совет за внатрешно уредување во минималистички стил.
Помалку е повеќе или “less is more“
Помалку може да биде повеќе – лагом е дефинитивно за наоѓање на вистинската рамнотежа и хармонија во домот. И покрај тоа што минимализмот е клучен, тој не е цел сама за себе. Купувајте работи кои имаат функција. Акцентирајте со користење на еко-материјали и неутрална шема на бои. Свеќи, меки ќебиња, прекривачи и перници ќе создадат удобност и пријатност во инаку едноставниот и функционален (минималистички) простор.
Реискористување/recycle & up-cycle
Добрата работа кај реискористување (на мебел) е дека не сте ограничени во вашите креации. Ако сте еко-ориентирани, ова е не само штедлива, туку и одржлива опција. Имено секој може да проба да направи нешто сам, без посебни претходни знаења. Пробајте да им дадете нов живот или втора шанса на некои омилени парчиња кои можеби се малку оштетени или веќе во постоечката состојба не се вклопуваат со остатокот од мебелот.
Уживајте во удобноста
Лагом советува дека сите треба да научиме да уживаме во удобноста на домот. Удобна софа, меко ќебенци и перници, добар тепих. Дозволете си доручек во кревет или одморете со добра книга/филм. Разгалете се и/или разгалете некого.
Уметноста на ѕидовите не треба да биде прекумерна
Тапети, ѕидни мурали со природни и неутрални бои и диви животни најдобро ја претставуваат лагом филозофијата. Сè на ѕидот е во насока на создавање рамнотежа, така што со ѕидната уметност не треба да претера.