26
Јан

Made in Belgium – Тeјс Хостин/Tijs Hostyn

Кратко интервју со фотографот од Белгија Тeјс Хостин

Кажи ми нешто за себе? Како стана фотограф? Кога започна да фотографираш?

Мојата девојка имаше стар ДСЛР апарат. Кога била помлада, учествувала на младински натпревари за фотографија. Таа камера ја носевме со нас кога посетувавме нови места или кога патувавме. По некое време, јас бев тој кој ги правеше најголемиот дел од фотографиите. И кога ќе се вратевме дома, поминував часови на компјутер обработувајќи ги фотографиите. Колку повеќе време поминував со фотографија, толку повеќе сакав ја  засакував. Тоа беа моите почетоци.

Јас не живеам професионално од фотографија. Работам во синдикат. На моето работно место се обидувам да им помогнам на луѓето кои работат во медиумите и културниот сектор. Тоа е доста предизвикувачка работа. Мислам дека креативната страна (фотографијата) е таа која ми ја носи неопходната рамнотежа во мојот живот.


Дали имаш формална обука за фотограф или си самоук?

Откако сфатив дека имам страст за фотографија, а знаев многу малку за истата решив да научам нешто повеќе. Музејот за фотографија во мојот град организираше курсеви по дигитална фотографија. Така започнав со едукација и после тоа почнав да фотографирам во секоја прилика и што е можно повеќе.

На што работиш во моментот?

Кога започнав, имав тенденција да се фокусирам на фотографирање „убави работи“. Иако сè уште ми се случува ова, мислам дека како фотографи треба да бараме подлабоко значење во работите што ги фотографираме и фотографиите што ги правиме. Ова сознание ме натера да не гледам површно на работите што ги фотографирам.

Може ли да ни кажеш нешто повеќе за твоите проекти, особено за „Заборавената историја на одбраната на Белгија во Првата светска војна“?

Во текот на 19 век, државата вложи многу во одбраната на Белгија. Овие одбранбени објекти играа значајна улога во сите поголеми воени настани во Европа во 20 век, како што се Првата и Втората светска војна. Денес овие одбранбени структури се речиси заборавени. Тие се честопати занемарениот тестамент на нашата модерна историја.

Сакам да доловам преку фотографии за тоа што остана од овие неверојатни структури. Овие згради полни со карактер го заслужуваат нашето внимание. Обрнувајќи внимание на нашата историја се надеваме дека ќе ни помогне да ги избегнеме истите трагични грешки што доведоа до загуба на толку многу животи. Се враќам на овие страници веќе две години. Неодамна започнав да ја споделувам приказната за ова патување на мојата веб-страница.


Идни проекти?

Проектот за тврдините е далеку од готов. Мислам дека ќе работам на овој проект најмалку во следните 2 години. Во меѓувреме, започнувам проект во кој фотографирам мали капели. Во околината каде живеам во Белгија, можете да се најдат мали капели низ целиот предел. Во овие мали капели луѓето од околните рурални заедници доаѓаа да се молат. Овие капели полека исчезнуваат, како и руралните заедници за да се направи место за индустријата и предградијата. Сакам да ги фотографирам овие капели, додека сè уште ги има. Мислам дека се неверојатна фотографски тема.


Нема многу луѓе на твоите фотографии? На твојот Твитер профил велиш дека „градска фотографија“ е твојата страст?

Имам прилично стресна работа. Она што неизмерно ме мотивира е фактот дека фотографијата е креативна работа која ја работам сам. Се затворам во мојот сопствен меур и да творам/фотографирам. Тој начин на размислување подразбира дека не сакам да се спротиставам/конфротирам со луѓето преку мојот фотоапарат и фотографија. Ова очигледно поставува предизвици. Со луѓе на сликата, полесно е да се раскаже приказна. Мислам дека еден начин да се направи ова е со создавање на множество на фотографии/слики кои раскажуваат приказна кога ќе ги споите заедно.

Како се инспирираш? И што најмногу те инспирира? Природа, музика, луѓе, места, филмови или книги? Или е само она што е околу тебе?

Ме инспирираат места кои имаат историја позади себе. Тоа ни дава можност да раскажеме приказна преку фотографиите. Приказна која кажува за тоа како биле работите, но исто така и како еволуирале работите. Постојат толку многу приказни за раскажување. Има толку многу места по кои може да се шетаме секој ден, без да ги сфатиме приказните што треба да ги раскажеме.

Каже ни повеќе за твојот работен процес?

Откако ќе стигнам на некоја локација, најпрво ќе разгледам и ќе видам дали нешто ќе ми привлече внимание. Правам неколку ментални белешки за тоа што може добро да изгледа на фотографија. После го земам апаратот и ќе се обидам со неколку различни композиции за да видам која е најдобра. Кога конечно ќе изберам или ќе се одлучам за композиција, ќе го земам својот статив за да се осигурам дека ќе добијам фотографија со најдобар можен квалитет.

Дали сметаш дека фотографијата е одличен начин да се персонализира домот или работно место и да ви помогне да бидете инспирирани?

Да, апсолутно. Ако најдете уметник што создава дело што ве возбудува, тоа е одличен начин да донесете нешто уникатно во вашиот дом. Сите ние сме различни луѓе и треба да се обидеме да го изразиме ова преку изборите (на декор/ументост) што го правиме во нашите домови.

Доколку ова ве успеа да ве заинтересира и сакате да дознаете повеќе за мене, не двоумете се да ме заследите на Instagram и/или да ме контактирате.