04
Ное

Made in Macedonia, АНИДИМИ

Кратко интервју со Андријана Костова (Ани) и Димитар Петровски (Дими), АНИДИМИ

Како почнавте да работите заедно во далечната 2006?

Во тоа време во Скопје и Македонија имаше млада и ентузијастичка фото-заедница, а меѓу тие фотографи, ние (јас и Ани) сфативме дека споделуваме заеднички интерес за фотографијата. Така почнавме да излегуваме 🙂 и да фотографираме заедно. Наскоро сфативме дека и двајцата навистина ја сакаме фотографијата и дека би сакале попрофесионално да се занимаваме со фотографија.

Што те/Ве привлече кон фотографијата??

Дими: Гледањето на сите тие билборди, едиторијали и реклами во списанијата беше она што го привлекуваше фотографијата. Сонував да бидам тој што ќе ги создаде сите тие неверојатни фотографии/слики, реклами и насловни страници на списанија.

Ани: Мене секогаш ми беше привлечно доловување на женската убавина и сè што доаѓа со неа.

Зошто ве фасцинира портретна фотографија??

Секогаш има нова приказна, нов предизвик кога снимаме портрети. Ќе запознаеме нова личност, ќе научиме нешто за неа и ќе се обидеме да откриеме интересен аспект од нивната личност. И тогаш се обидуваме да го искористиме тоа на начин за да создадеме нешто што би имало некаква естетска вредност.


Како се подготвувате пред фотографирање?

Секогаш зависи од проектот што го работиме. Ако се работи за комерцијално снимање за клиент, сакаме да имаме солиден и описен краток преглед за да имаме добро разбирање за тоа што сака клиентот и што треба да правиме.
Ако се работи за сопствен/личен проект на кој работиме – обично започнуваме со една идеја за фотографиите, тогаш работиме на табла за инспирација, стајлинг, модели кои ќе одговараат за тој концепт, можеби локација и фризура и тим за шминкање.
Исто така, сакам да ја имам опремата подготвена претходниот ден, така што сè е поставено и ние сме целосно фокусирани на создавање на фотографиите.


Може ли да ја споделите омилената фотографија од вашето портфолио и која е приказната поврзана со неа?

Нашата омилена фотографија е најдобрата фотографија од последната фотосесија. Таа е нашата омилена фотографија се додека не снимиме нови фотографии 🙂
Во моментов нашите последни неколку фотографии со Мартина кои ги снимивме на дождлив ден во Скопје ни се омилени. Врнеше две недели, па Ани доби инспирација да сними „нерасположени/сериозни“ портрети на дожд и наместо да се жали на лошото време, да го искористи за да создаде уметнички црно-бели фотографии.


Каков апарат користите? 

Користиме фотоапарати и објективи од Canon (5D mk4 and EOS R), но мислам дека брендот на фотоапаратот не е толку важен. Би рекол дека фокусната должина на објективите/леќите е многу поважна за атмосферата што се обидувате да ја доловите на фотографиите. Така, на пример, користиме објективи/леќи од 24мм, 35мм, 50мм и 85мм, и го сакаме извонредниот ефект што го даваат широките леќи.

Исто така, понекогаш снимаме со аналогни камери бидејќи го сакаме чувството и изгледот на филмот со среден формат – користиме стара Mamiya RB67 Pro S и навистина ја сакаме таа камера 🙂

Омилен објектив и зошто?

Дими: Би рекол дека мојот омилен објектив е 35мм – – го сакам видното поле што го дава објективот и тој изглед што некако го потопува гледачот во сцената. И ја сакам острината на 85мм

Ани: Не можам да се одлучам помеѓу 50мм и 85мм. Ги користам и двата објектива/ леќи подеднакво.


Разликите помеѓу комерцијалната и портретната фотографија?

Клучна разлика помеѓу тие два жанра е тоа што во комерцијалната фотографија треба да направите фотографија врз база на барањата или сценариото на клиентот или агенцијата, додека кога работите на портрет фотографија, на сопствен проект можете слободно да креирате што сакате.
Во првиот, важно е да имате силни технички знаења за фотографија, одлично разбирање на светлината и работа со тим.
Во портретната фотографија на сопствени/лични проекти треба да ја ослободите вашата креативност и да се потпрете на вашата способност да раскажете приказна.

Од кого имате најмногу научено за фотографија?

Интернет, книги, списанија, Youtube и многу, многу направени грешки 🙂 Цврсто верувам дека најдобриот начин да научиш е да грешиш и да бидеш доста (само)критичен кон сопствената работа. Исто така, многу е корисно да имате колеги и пријатели во истото поле, така што двајцата ќе научите нови работи, ќе ги споделувате и потоа и двајцата ќе напредувате во фотографирањето.


Кои фотографи влијаеле на твојата работа?

Ани: : Не можам да кажам дека некој конкретен фотограф влијаел на мене, и на некој начин, секој познат фотограф чии фотографии сум ги видела имал одредено влијание врз мојата работа.

Дими: Во начинот на кој сакам да ги осветлувам фотографиите, мислам дека сум под влијание на Annie Leibovitz, Mark Seliger, и во помал стен на Richard Avedon.    

Дали имаш омилена фотографија од некој познат/славен светски фотограф?

„Омилена фотографија“ е менлива категорија. Премногу одлични фотографи и премногу одлични фотографии за да се фокусираме само на една фотографија или на еден фотограф.

Аналогна или дигитална фотографија?

Зошто не и обете 🙂

Фотографија и декор во дом/ентериер дизајн?

Претпоставувам дека ова е единственото фотографско поле за кое сметам дека не знам ништо. Едноставно не знам како да фотографирам ентериери, иако сакам добра фотографија од ентериер дизајн.

Што е фотографијата за вас – љубов, хоби, работа или ….?

Се чувствуваме среќни што по 13-15 години работа како професионални фотографи, ова е нешто што длабоко го сакаме, а не е само работа.

Повеќе информации за Андријана и Димитар на нивната вебстрана АНИДИМИ.