05
Апр

Скандинавски дизајн на ентериер

ОСВЕТЛУВАЊЕТО Е КЛУЧНО ВО СКАНДИНАВСКИТЕ ЕНТЕРИЕРИ

Начинот на кој се користи осветлувањето во дизајнот е најважен за типичниот скандинавски стил. Бидејќи дневната светлина е привремен луксуз во зимските месеци, луѓето поминуваат многу повеќе време во затворени простории. Кога размислувате за скандинавски ентериер, важно е да имате неколку видови осветлување со цел добро расположение и пријатно чувство. Светлината на свеќи е исто така задолжителен начин на осветлување. Овој вид светлина додава посебен сјај во просторијата што го прави престојот во затворен простор да биде пријатен и незаборавен.

СВЕТЛО ОБОЕНИ ПОДОВИ

Според скандинавскиот дизајн, подот традиционално е од тврдо дрво. Поради суровата природа, често се остава во својата природна боја или обоен во бело. Ова придонесува за проширување на просторот.

НЕУТРАЛНИ БОИ

Дефинитивно постои палета на бои поврзана со скандинавскиот стил. Белите, сивите, црните и кафените често се испреплетуваат создавајќи чист и смирувачки изглед. Дизајнерите воведоа и други бои како светло розови и морско зелени за дополнителен акцент. Во типичните скандинавски простори, ѕидовите се чуваат бели што овозможуваат мебелот и уметноста да пленат.

ТОПОЛ ТЕКСТИЛ

Во земјите со студена клима, не е изненадувачки што дел од декорот доаѓа во форма на затоплувачки текстил како овча кожа, волна или мек памук. Овој вид на текстил дава чувство на топлина и удобност во секој поглед.

КОМБИНАЦИЈА НА ДРВО И МЕТАЛ

Модерниот скандинавски дизајн користи дрво не само на подовите, туку и украсно во мебелот како на пример во трпезариите и клуб масите. Исто така, постои популарен тренд на внесување метални завршетоци во осветлувањето и акцентните парчиња. Бакарни и месингани приврзоци се начин за додавање дополнител сјај на просторијата.

Благодарност до Порта3 кои ни дозволија да го преземеме текстот во целост.