
Мал, но удобен и колоритен стан во Рим
Овој мал, но модерен и колоритен стан се наоѓа во главниот град на Италија.
Станот е комплетно реновиран со посебно внимание на скалите кои го поврзуваат станот со приватна тераса со неверојатен поглед на Рим. Терасата е опремена со кујна, трпезарија и софа, совршени за уживање во кино на отворено. Поголемиот дел од мебелот во овој дом (првенствено клупи, гардероби и застаклени системи) е направен специјално по мерка за да се направи просторот оригинален, удобен и живописен. Фотографиите се на Stefano Corso & Rina Ciapollilo.


Секој детал е внимателно осмислен и изведен при целосното внатрешно и надворешно реновирање. Значително внимание е посветено на скалите кои водат до приватната тераса. Влезот е украсен со тапети од џунгла, а внатре е скриена главната спална соба.


Од терасата, погледите на Рим се едноставно зачудувачки. Таа, со својата посебна опрема, всушност станува совршен додаток – поточно продолжување на домот, односно претставува многу повеќе од вообичаениот простор за рекреација на отворено.
Централниот дел од дневната соба е „скулптурно“ скалило кое води до терасата. Од тука, погледите на Рим се едноставно зачудувачки. Терасата, со својата посебна опрема, всушност станува совршен додаток – поточно продолжување на домот, односно претставува многу повеќе од вообичаениот простор за рекреација на отворено.


Со цел да се даде силен идентитет на станот, посебно внимание посветило на дополнителниот мебел како што се застаклените системи во бањата, клупа и ормани со слама во дневната соба. Сите овие елементи, заедно со тапетите кои изгледаат како штотуку пристигнати од џунглата, го прават овој прекрасен и колоритен стан место за паметење.




Благодарност до Порта3 за текстот и фотографиите.