Внатрешноста на Македонската филхармонија
Идејно решение: Виктор Михајлов, дипл.инж.арх.
Основен проект: Македонијапроект АД, 2008/2009
Површина во основа: 3.200 м2
Корисна површина: 8.800 м2
Фото: Филхармонија
Објектот на Македонската Филхармонија, претставува едно вонредно остварување како во нашата земја така и во регионот.
Во денешната објава Ви носиме фотогалерија од ентериерот на објектот, од највпечатливите јавни простори – Големата концертна сала која е со капацитет од 890 места, Фоајето кое зрачи со неговата белина и Камерната сала која е со капацитет од 303 места.
Во ентериерот на салите е вградена површина од 10 000 метри квадратни, фурнирани плочи од америчка цреша со дебелина од 0.6 – 0.9 mm, што ги прави салите исклучително топли во впечатокот и со одлична акустика.
ГОЛЕМА КОНЦЕРТНА САЛА
ФОАЈЕ
КАМЕРНА САЛА
Благодарност до МАРХ од каде е преземена статијата.
Автор на статија: Филип Конески
0 comments