12
Мар

ИКЕА Колекција пролет-лето 2021

Иако годинава ИКЕА ќе немаат нов пролетен каталог, сепак најавија нови продукти кои ќе бидат во продажба во Април 2021 година. Вистинскиот скандинавски дух се гледа во неутралната палета на бои и природните материјали, а за да го избегнат монотониот изглед предлагаат текстил (килим, прекривка, постелнина и перничиња) со поизразен колорит.

Клуб масичка Borgeby

Прекрасна кружна масичка од буков фурнир која е идеална за мали простори, а отсуството на остри рабови и дава нежност и ја прави совршена за секоја соба. Долната полица е подлабока и во неа може да се складираат ситни предмети, а дискретниот извишен раб на горната површина го спречува паѓањето на поставените ситници.


Столица Voxlöv

Колекцијата Voxlöv се проширува со уште еден член: трпезариска столица. Истите детали кои претходно ни се допаднаа кај трпезариската маса ги има и овде: преубава топла нијанса на бамбус и прекрасни виткани детали, а фактот што исполната на наслонот и седиштето е направена од свиткано хартиено јаже ја прави идеален избор за еколошки најс(о)весните од нас.


Абажур за висечка светилка Trubbnate

Добриот дизајн е секогаш во тренд, и тоа вистински се гледа во светилката Trubbnate. Реизданието на оваа ИКЕА класика од дизајнерот Erik Østerby, која за првпат се појавила на полиците на ИКЕА во 1970-те, го задржува дизајнот својствен за седумдесетите, но е прилагодена на новото време, па е делумно изработена од рециклирана пластика.

Рачно ткаен килим Tvingstrup

Овој килим, кој е направен од 100% природна волна, е мек, траен и рачно ткаен, а со самото тоа и уникат,  бидејќи нема две идеално исти парчиња. Дополнителна предност е и тоа што е двостран па ќе трае подолго.


Доколку Ви треба совет за внатрешно уредување (дневна, спална или кујна на пример), побарајте нè.