19
Окт

Made in Spain, Noah Antonana

Кратко интеврју со Ноа Антонана од Вијана, Навара, Шпанија

Ноа кажи ми нешто за себе? – од каде сте, вашето образование, професионална окупација итн.

Јас сум самоука сликарка кој живее во Шпанија. Моите студии се далеку од сликарството или уметноста воопшто, иако тоа се полиња кои одсекогаш ме привлекувале.

На што работиш во моментов?

Во овој момент јас сум во фаза на творење, а тоа творење се состои од разновидни техники што паралелно ги развивам.

Мојот креативен процес е повеќе интуитивен отколку технички. Да речеме дека немам јасен концепт за тоа што сакам да го доловам на платно во првата фаза. Имено, почнувам со нанесување слоеви на боја и во одреден момент „нешто“ ми го привлекува вниманието и се обидувам да создадам нешто од таму, од тоа, односно го развивам тоа „нешто“. Иако на крајот кога ги гледам моите слики, луѓето гледаат различни работи во зависност од тоа кого прашувам, и тоа ги прави работите поинтересни.

Која е агандата позади твоето творештво, работа ?

Во мојата работа нема агенда, едноставно создавање преку експериментирање со различни материјали и техники ме турка напред.

Дали постои одредена средина или материјал што е составен дел од вашата работа, како што се текстура, колаж, акрилик, мастило итн?

Во мојот креативен процес користам секаков вид на материјали, различни бои и техники, акрилни, мастила, медиум, маркери …, вклучувајќи колаж, секогаш сакам да експериментирам со нови медиуми.

Кои уметнилки трендови ја иснпирираат твојата тековна работа?

Ми се допаѓаат сите видови уметност, но визуелната уметност, како што е сликањето, е она што најмногу ме привлекува и не ги следам трендовите, но гледам што ми паѓа во очи. Морам да признаам дека апстрактната и фигуративната уметност е она што најмногу ме привлекува во моментов.


Како се менува вашиот стил со текот на времето?

Не знам дали мојот стил се менува, но преку нови техники или материјали се појавуваат нови идеи и да речеме дека не барам специфичен стил, туку дека секоја слика има своја личност.

Опишете ја вашата идеална работна средина.

Мојата идеална работна средина е јасно утро на утринска светлина и празен простор заедно со сите видови материјали што ми се на располагање и празно платно.


Како вашите дела се вклопуваат во внатрешниот дизајн на еден дом или канцеларија?

Сакам да мислам дека моите слики, мојата уметност се вклопува во секоја средина, приватна или јавна, се додека луѓето што можат да ја видат уживаат во неа.

Дали станавте похрабри со текот на времето во вашата уметност?

Секако, моите дела речиси секогаш започнуваат со техники на колаж и техника на пренос на слики благодарение на моето откритие на работата на Роберт Раушенберг. Откако ќе ја поминам таа фаза, пробувам нови работи и техники со различни резултати.

Што беше најважниот момент во вашата кариера досега?

Во моментов, врвен момент беше изложбата во домот на културата на мојот роден град, Вијана, мал град на северот на Шпанија, во Навара. Новите технологии ми дозволија да продавам дела дури во Индонезија.

Идни проекти?

Мојот иден проект е да продолжам да работам на развојот на мојата уметност, фокусирајќи се на потрагата на уметничка галерија која ќе биде посветена на мојата уметност и слики.

Ќе најдете повеќе за Ноа Антонана на нејзиниот Instagram профил и на Saatchi Art.