10
Мар

Вила Петрароло (Masseria Petrarolo)

Сместена на имот од 30 хектари, помеѓу насади од лаванда и маслинови дрва и со поглед на Јадранското Море, оваа луксузна вила во Апулиа од седумнаесетиот век е поранешна фарма направена за да ги издржи нападите на Сарацените од Северна Африка.

Сопственикот, Констант Тедер, млад британски претприемач, го купил имотот, кој бил во речиси оригинална форма и сеуште се користел како фарма на добиток, со цел да го претвори во семеен дом за пензионерските денови, но подоцна одлучил да го пренамени во луксузна вила за изнајмување.

Проектот за реставрацијата траел 4 години, и истиот го водело италијанското студио Simone & Musa Architects, кои имале претходно искуство во реставрација на слични објекти, а ентериерот им бил доверен на Tully Filmer и Аlexander Waterworth Interiors. Идејата била да се задржат постоечките елементи како дрвени греди, дотраени врати, камени ѕидови и сводови од варовник, и да се надополнат со рачно изработени парчиња од локални мајстори, но и контрастни модерни парчиња, без притоа да се изгуби шармот на јужна Италија.



Доколку Ви треба помош при на дизајнирање на вашиот дом во современ или     модерен стил (2Д и/или 3Д/рендери)и/или изработка на мебел, побарајте нè.

Вилата може да смести 16 гости распоредени во шест спални соби во главната куќа (три соби со брачен кревет и три соби со по два единечни кревети во секоја од нив), и две спални соби во куќата покрај базенот. Сите спални соби имаат сопствени бањи, а повеќето од нив имаат директен излез во градината и поглед на морето. Во анексот на главната куќа има уште една спална соба која ги исполнува истите високи стандарди и е уредена во ист стил како и останатите, а е наменета за главниот готвач, но во случај на повеќе гости може да се искористи како дополнителен сместувачки капацитет.


Заедничките простории вклучуваат три кујни, вински подрум, библиотека и оранжерија, како и голема сала за јадење, која се надоврзува на дневниот простор, и нуди прекрасно доживување помеѓу изложените камени ѕидови, таваницата со бели дрвени греди, рустичните лустери од ковано железо и импресивната 7метарска маса.

Освен големиот базен (16mх18m), вилата располага со уште еден базен на кровната тераса, тениско игралиште и амам.

Доколку сакате да ја изнајмите, истото ќе ве чини од €12000 неделно па нагоре, зависно од периодот за кој сакате да ја резервирате.