09
Дек

Најдобри растенија прочистувачи на воздухот 2

Студијата Чист воздух на НАСА покажа дека постојат голем број на растенија кои го прочистуваат воздухот во домот од најразлични отрови, прашина и микроби/бацили кои се наоѓаат во  доста продукти за домашна употреба, материјали кои се присутни во нашите домови и канцеларии, како  и во мебелот. Откако со месеци сме приморани да седиме дома и што помалку да се движиме поради пандемијата со Ковид 19, дополнително со доаѓањето на зимата воздухот надвор се почесто ја надминува дозволената граница на штетни честички. Од тие причини со внимателно селектирање и позиционирање на вистинските растенија ќе го направите вашиот дом и/или канцеларија поздраво место.


Алое вера

Алое вера е билка која содржи повеќе од 200 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Постојат повеќе од 250 видови на алое, но со најмногу лековити својства се само 3-4 вида. Најлековита е Aloe Barbadensis Miller. Оваа билка помага и во подобрување на квалитетот на воздухот во вашиот дом и/или канцеларија. Имено Алое вера може да го исчисти водухот од загадувачи кои се наоѓаат во хемиските средства за чистење. Најдобро е да ја чувате изложена на сончева светлина.  


Бамбус палма

Бидејќи не расте високо, лесно може да се вклопи во секој простор, а одлична е за филтрирање на загадувањето со бензен и трихлороетилен, како и формалдехид. Истата се наоѓа на врвот на листата на НАСА како топ растение за прочистување на воздухот. Ова растение треба често да се полева, да се чува во сенка или изложено на индиректна сончева светлина.


Фикус (Ficus elastica)

Фикусот е најдобар во отстранување токсини и загадувачи од домовите, а особено е добар борец против формалдехидот. Фикусот е една од билките кои лесно се одгледуваати упсеваат дури и во домови и канцеларии каде нема доволно светлост и на пониски температури/поладна клима.


Филодендрон

Филодендронот „Monestera deliciosa“ е растение кое води потекло од шумите на Средна Америка, Мексико. Лисјата на филодендронот се големи и идеални за блокирање на штетнo електромагнетно зрачење во етерот. Од воздухот го отстранува формалдехидот .  Лисјата на филодендронот се отровни. Доколку чувате домашни љубимци или имате мали деца, не е препорачано како опција.