28
Јул

А.Г.

Подолг период и низ корона пробував да го претворам мојот неодамна купен стан во вистински дом. Иако станот ги имаше сите неопходни елементи сепак недостасуваше тоа чуство на лагодност и комфорт. Тимот на декорама ми помогна да сфатам што сакам и ги преточија моите преференци во конкретни дизајни. За нивната напорна работа, посветеност, експертиза и неконвенционално размислување сум многу благодарен. Со искрен ентузијазам го прифатија предизвикот да дизајнираат стан одалечен 1700 километри и користејќи само готови елементи. Весна ме подржуваше низ целиот процес, ми помагаше да направам избор и да го откријам мојот личен стил. Беше одлично и весело искуство иако беше се онлајн преку скајп навистина научив многу. Многу ги препорачувам на секој што сака од својот стан или куќа да направи пријатен дом.