29
Авг

Made in Macedonia – истражување на уметноста на металот, интервју со Озбек Ајваз

Во светот на уметноста, скулпторите ја имаат моќта да ја трансформираат цврстината на металот во форми кои предизвикуваат емоции и мисла. Имавме привилегија да седнеме со Озбек Ајваз, млад и талентиран скулптор кој неодамна ја имаше својата дебитантска изложба. Со длабока страст за работа со металот како негов избран медиум, Озбек споделува сознанија за неговото уметничко патување, предизвиците и уникатните предности на работата со метал и сложените процеси кои вдишуваат живот во неговите скулптури.

Како се заинтересиравте да работите со метал како медиум? Кои уникатните предизвици и предности носи работата со метал во споредба со другите материјали? 

Во факултетските денови почнав да работам со метал. Бидејќи студенсткиот буџет е краток, а металот го имаме во фиока (сите дома имаме тегла или кутија со штрафови што седат од Југославија). Предизвик беше добро да научам да заварувам од тенко до мајдебело парче метал. Предноста на металот во скулптурата е уникатот, едно дело се прави нема вадење калап и принтање. Дозволува експериментирање и работата ја прави уште повозбудлива.

Дали користите/вградувате други материјали или техники покрај металот во вашите скулптури? 

 Да, имам вградувано, последно имав електрична инсталација во и нaдвор од скулптурите.

Можете ли да ни кажете за вашиот уметнички процес кога создавате метални скулптури? Кои техники ги користите за да го обликувате и манипулирате металот во посакуваните форми? 

Зависи до еластичноста на металот, најчесто ладно ковано е техниката на обликувањето.

Како пристапувате кон рамнотежата помеѓу естетиката и структурниот интегритет кога создавате метални скулптури? 

Во моите уметнички дела до сега направени естетскиот дел е во самата патина на металот, избегавам да полирам скулптури.

Дали има некои специфични алатки или опрема на кои се потпирате во вашата работа со метални скулптури? 

Воопшто не, за изработка на моите скулптури користам две брусалици, клешти,чекан и апарат за заварување.

Како обезбедувате долговечност и издржливост на вашите метални скулптури, особено кога се изложени на надворешни елементи, надворепна средина? 

Има хемиски елементи кој даваат заштита на метало, ама ништо не и можеме на мајката природа така да по некое време металот си добива повторно своја патина и по заштитата.

Дали некогаш сте наишле на неочекувани предизвици или проблеми додека работите на метална скулптура?

Секое ново дело си носи свој предизвик. Единствен проблем во работата ми се повредите, а кој не се повредува дур работи?

Дали има некои посебни теми или концепти кои ја инспирираат вашата метална скулптура? 

Да, последно работев на самостојната изложба Мрак и целата идеа на изложбата е произлезена од една вечерна прошетка низ парк.

Можете ли да ја споделите инспирацијата зад создавањето на скулптурата „Пајакот на правдата“ и како дојдовте до концептот? 

До концептот дојдов од гнев, бидејќи судството за некого е мајка, а за некого маќеа, имавме апсурдни судења, а пара буши каде бургијата не буши.

Идејата за правда е прекрасно испреплетена со улогата на пајакот во природата. Можете ли да елаборирате за симболиката и метафорите што сте сакале да ги пренесете преку оваа скулптура/инсталација?

Употребата на масло во мрежата, спречувајќи некој да се држи до него, додава слој на сложеност на концептот. Како што на времето се вртеше реклама ”се е како подмачкано ” така и корупцијата ни е на највисоко ниво! 

Бројни се старинските топоними и локации низ Скопје а уште побројни се приказните кои се врзуваат за нив. Една од овие приказни од поновата историја на Скопје секако е култната кафеана Опатија (денес ресторан ситиПарк во Парк на франкофонијата) како и кафеаната Кермез (денес за жал напуштено градилиште во градскиот парк) во нејзина близина. Двете локации биле дел од маршутата на Скопскиот урбан живот и забава. Според кажувањата на голем број Скопјани од повозрасната генерацијата во околината на паркот некаде на тромеѓата денеска сместена кај малиот стадион (десно о д градски стадион), Министерството за земјоделие и почетокот на Франкофонскиот парк се наоѓала микролокацијата „Две Музики“. На оваа локација јасно можеле да се слушаат двете музики – и таа од кафеана Опатија и таа од кафеана Кермез. “

Пајакот на правдата“ носи чувство и на моќ и на ранливост. Како успеавте да ги доловите овие контрастни квалитети во скулптурата и со какви предизвици се соочивте додека го правевте тоа? 

Инсталацијата бидејќи беше поставена во темница, пајаковата мрежа не се гледаше во целост, бидејќи Пајакот со светлото беше поставена во центарот а страните останаа не осветлени, неколку посетители се заплеткаа сакајќи да поминат преку мрежата, и тука се долови целата идеа..

Дали има некои посебни приказни или анегдоти поврзани со создавањето или инсталирањето на „Пајакот на правдата“ што би сакале да ги споделите, а кои дополнително го збогатуваат разбирањето на значењето на скулптурата?

Секако дека има, и не само мој туку и од други личности кој осетиле некаква НЕправда.

Можете ли да го споделите процесот на концептуализација и дизајнирање на интерактивната корпа за отпадоци, вклучувајќи ги технологиите или механизмите што сте ги користеле за да ја натерате да зборува и да се вклучи со луѓето? 

Идеата е на Центарот за Современи уметности, по споделување на идеата, истата ја прифатив и со многу голем ентузијазам ја изработив, механизмот за говор ги изработи инжинер.

Можете ли да ја опишете инспирацијата зад саксофонистичката скулптурна инсталација и како таа ја надополнува атмосферата и темите на Паркот на Франкофонијата во Скопје?

Бројни се старинските топоними и локации низ Скопје а уште побројни се приказните кои се врзуваат за нив. Една од овие приказни од поновата историја на Скопје секако е култната кафеана Опатија (денес ресторан Сити парк во Паркот на франкофонијата) како и кафеаната Кермез (денес за жал напуштено градилиште во градскиот парк) во нејзина близина. Двете локации биле дел од маршутата на Скопскиот урбан живот и забава. Според кажувањата на голем број Скопјани од повозрасната генерацијата во околината на паркот некаде на тромеѓата денеска сместена кај малиот стадион (десно од градски стадион), Министерството за земјоделие и почетокот на Франкофонскиот парк се наоѓала микролокацијата „Две Музики“. На оваа локација јасно можеле да се слушаат двете музики – и таа од кафеана Опатија и таа од кафеана Кермез.

Можете да го опишете процесот на изработка на скулптурата “Тешкото” од метал? 

Тешкото е мој дипломски труд на факултет. Веќе доволно познавајќи го материјалот и техниките се одлучив на нешто поголемо за разлика од салонските скулптури. Изработката на тешкото беше во погоните на А.Д. Макстил во Скопје, ги работев една по една и пред крајот кога дојде време да ги спојам на една плоча, дури тогаш видов колку е голема скулптурата.

Каква порака или значење сакаш да пренесеш со оваа скулптура? Како ова дело комуницира со традицијата на македонската култура и идентитет?

Многу уметници кој од нив и доајени на македонската модерна уметност го имаат работено тешкото во уметнички дела. Самата приказна, како традиција орото се играло пред заминување на печалба, како и тогаш така и сега печалбата не е сопрена. Дури и во потесниот круг, во моето маало каде израснав сите мои другари се на печалба во Франкфурт, Германија кога веќе имам прилика сите ги поздравувам од тука.

Кои симболични елементи се присутни во скулптурата “Тешкото”?

Тапанот, играчот над тапанот, зурлаџијата.

Која е реакцијата на луѓето на “Тешкото”? Како се вклучуваат во интерпретацијата и почитта на оваа уметничка инсталација?

Пак ќе почнам од потесниот круг на реакции. Од кога го завршив делото, остана една година во погонот на фабриката, единствено имав фотографии и едно видео, дента кога искочи надвор од погон Мајка ми, го виде меѓу првите и не и се веруваше дека толку големо дело сум изработил.

Повеќе за Озбек на неговиот Фејсбук и Инстаграм профил.