09
Ное

Интервју со Стивен Кари

Кратко интервју со Стивен Кари, документарен и фотограф на луѓе

Стивен, кажи ми нешто за себе?

Работам со фотографија од 1995 година и главно фотографирам луѓе и се занимавам со документарна фотографија, но со задоволство ќе фотографирам речиси сè ако темата комуницира со мене. Моментално не сум фотограф со полно работно време, но имам многу проекти на кои секогаш работам.

Како стана фотограф? 

Ја следев добро проверената рута на уметничкиот колеџ (средно образование), и продолжив со диплома за графички дизајн и фотографија на Универзитет, набрзо се откажав од графиката за да се концентрирам на фотографијата. Не се покајав воопшто, иако некои графики беа добри.

Кога почна да фотографираш?

За време на средното училиште, еден наставник по физика ме запозна со фотографијата во слободното време. Тогаш ги направив првите фотографии со мојата прва ролна црно-бел филм, развиен и испечатен. Оттогаш не сум истиот!


Дали имаш формална обука за фотограф и дали претходно си работел во професионално студио?

Се здобив со диплома по фотографија во 1990-тите, која опфаќаше широк спектар на техники, формати на фотоапарати и печатење. Работев во и надвор од студија низ годините, во секој случај поретко во студио, повеќе самостојно.


Колку голема улога игра фотографијата во твојот живот?

Таа игра голема улога. Иако моментално не работам со полно работно време како фотограф, фотографирам секогаш кога е можно, често секојдневно. Секогаш имам фотоапрат/камера со мене.

Што правиш за да останеш мотивиран и да не ја изгубиш страста за фотографијата?

Ја следам работата на други фотографи, било во рамките на мојата колекција фото книги, на интернет или секојдневно дискутирам за фотографија. Секогаш има нешто ново да се открие.


На што работиш во моментов?

Неодамна повторно започнав со 2 социјални проекти кои беа во мирување поради пандемијата. Секогаш имам лични проекти на кои работам – разновидни портрети, улични и документарни фотографии. Неодамна почнав повеќе да се занимавам со улична фотографија, ободувајќи се да доловам повеќе атмосфера, сето зачинето со понекоја апстракција. Секогаш имам премногу проекти на ум.


Каков тип на софтвер за уредување сакаш да користиш за фотографиите и што ти се допаѓа кај него?

Генерално користам Photoshop Elements со додаток за софтвер Topaz Labs – одлично за претходно поставување и фино подесување. Ако работам на мојот телефон, користам Snapseed. Се трудам да не претерувам со уредувањето, затоа не се стремете да комплицирате со софтвер.


Кои елементи според тебе се битни за навистина добра улична фотографија?

Зависи што сакам да постигнам, но генерално фотографија со повеќе точки на интерес или визуелни слоеви; која кажува нешто силно и графичко, црно бело или во боја. Понекогаш тоа може да биде една единствена точка на фотографијата, друг пат има повеќе детали, длабочина или хумор.


Која опрема е задолжителна за тебе, без разлика каде ќе работиш?

Секогаш имам тенденција да го носам мојот објектив f1.4 од 50 мм.

Кој е вашиот омилен уред или „гаџет“ за фотографирање?

Јас не сум по гаџети…

Омилена фотографија на Стивен Кари

Една фотографија од мојот проект за игра со топка „Shrove Tuesday“ – едноставно куп луѓе, но таа фотографија е полна со лица и емоции. Сум ја фотографирал играта многу пати, но ретко кои други фотографии и настани го имаат тоа дополнително „нешто“. Среќа, упорност и приближување до предметот на фотографијата.


Каи ни повеќе за твојот работен процес?

Мора да знаеш што бараш или што сакаш да постигнеш. Дури и ако сте излезени на случајна фото-прошетка, имајте неколку идеи на ум. Ако најдете локација, користете ја додека не ви го даде она што го барате.


Кои фотографи влијаеле на твојата работа? 

Многумина. Првите влијанија беа од документарните фотографи Дени Лион, Вокер Еванс и Robert Frank. Социјалната/општествената и улична фотографија на Ник Хеџис е од суштинско значење. Фред Херцог, Ернст Хас, Вивијан Мајер и помалку познатиот Џими Форсајт, неодамна го открив Луис Фаурер – прекрасен фотограф од 1940-тите и 50-тите. Овие помеѓу многу други.

Дали мислиш дека фотографијата е одличен начин да се персонализира нечиј дом или работно место и да му се помогне да се инспирира?

Апсолутно. Зошто ги изложуваме уметничките дела? Тие ни зборуваат, често на повеќе нивоа.


Што е најважното место во твојата досегашна кариера?

Запознавање со толку многу одлични фотографи низ годините и можност да ги инспирирате и поддржите другите да ја подобрат својата работа или да се занимаваат со фотографија.


И за крај, дали имаш совети за фотографите кои ќе им помогнат уметнички да растат? Направете МНОГУ фотографии и комплетно внесете се во темата. Погледнете ја работата на другите, но фотографирајте што сакате и уживајте. На крајот фотоапаратот и не е толку битен, не ви треба најскапата опрема.


Повеќе инфомрации за Стивен Кари може да најдете на неговата вебстрана, твитер или Инстаграм.